КАДЕ ГИ СОНЧА СВОИТЕ ОКРУГЛИ ОБЛИНИ: Катица Јанева на тајни средби во хациендата на Заев во Грција?!

  • July 6, 2016

По тешкото и упорно спроведување на мисијата за глумење на борци за правда (мисија која директно се координира од Амбасадата на САД преку Кристина Каранакова), Катица Јанева на 4-ти Јули (денот на независноста на САД) замина на „заслужен“ одмор во Грција, а на граничниот премин Дојран читател успеал да ја фотографира и фотографиите да ги испрати на порталот „Република“

katica-janeva-gp-dojran-4.7.16.-3-1-520x363

Со повеќе од 30.000 евра годишна плата народни пари, за бркање на вештерки и глумење на големи борци за слобода, Катица Јанева и тимот заминаа на одмори.

Ленче Ристовска е замината на обука во САД, со пари обезбедени од тамошната влада, за Фатиме не се знае кој пат го фатила, а Катица Јанева решила одморот да го помине на плажите во Грција каде што ќе ги троши парите на граѓаните.

katica-se-slika1-640x480

Од формирањето на Специјалното јавно обвинителство во септември лани, специјалната Катица Јанева има заработено над 30.000 евра, а згора на тоа државата ѝ плаќа месечно по 300 евра за кирија иако има два стана во Скопје, едниот од 68 м/2, а другиот од 72 м/2 и ги пријавила како имот на нејзините деца. Јанева и нејзиниот тим немаат амбиции да се занимаваат професионално со професијата, односно со правото и правдата, туку да градат имиџ на телевизиски ѕвезди и на филмски јунаци, што кај фелата предизвика презир, а исто така го подри и онака катастрофалниот рејтинг на СЈО во јавноста. Јавна обвинителка која живее во филм дека е „македонската Бијонсе“ или „Чарлев ангел“ заслужено има недоверба од над 60 проценти од граѓаните зад чијашто одбрана треба да застане.

vila_canistri_grcija3

До нашата редакција предмалку пристигнаа информации дека Катица Јанева била забележана на хациендата на Зоран Заев во Грција, а неофицијално дознаваме дека отворена е можноста дека во текот на летниот период средбите помеѓу Заев и Јанева да се одржуваат на имотот на кланот Заеви во Грција. vila_canistri_grcija2

 

Ова не е прв случај на отворено коруптивно однесување на Катица Јанева и членовите на нејзиниот тим. Имено, од формирањето на СЈО до денес, неколкупати беа забележани Катица и Заев на различни локации, а освен Катица и Зоран, на ручеци често се сретнуваа и братот на Зоран, Вице Заев кој на сметка на една грчка фирма ги плаќаше ручеците и претстојот во еден луксузен хотел во Струмица на Фатиме Фетаи. Откако ваквите информации и докази беа јавно објавени, посочените почнаа да работат подискретно, па сега јавните средби им се само во дворот на Амбасадата на САД, на прослави или по покана на Амбасадорот.vila_canistri_grcija6

 

Согласно информациите кои ги имаме, а засега се неофицијални, кланот Заеви располага со хациенда во Грција во местото Канситри, каде што летуваат или викендуваат ВИП лица, бизнисмени, политичари од Балканот и пошироко, меѓу кои и Заев.

 

vila_canistri_grcija4

 

Летување во ова место, во хотел чини неверојатни  206,346 денари ДНЕВНО, со што се докажува ексклузивноста на ова место во кое неофицијално кланот Заеви има своја хациенда.vila_canistri_grcija

 

Претходно «
Следно »