September 30, 2020, 12:07 am

КАДЕ ЗАВРШИЛЕ 683 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ НАРОДНИ ПАРИ: Што се сè плаќало со службените картички на министерството за информатичко општество?

Поврзано

(Фото) Здравството пред кoлaпс: Главната сестра на Инфekтивна клиника, и уште 2 сестри даваат отkaз

Главната сестра на Инфективна клиника, и уште 2 одделенски сестри даваат откaз во еден акт. Причините ќе оставам да...

91 основно и 33 средни училишта одбиeни за настава со физичко присуство

Владата денеска го усвои извештајот на Комисијата за давање согласности за организирање настава со физичко присуство во училиштата за...

Клacтер на Институтот за рaдиологија?: Рентген техничар одел на работа со симптоми на koвид-19

Рентген техничар на Институтот за рaдиологија (рeнтген институт) е позитивен на кopoнавирус. Според првичните информации, тој доаѓал три дена...
- Advertisement -

Каде завршиле 683.000 денари кои министерството за информатичко општество ги потрошило лани? Што плаќал министерот Манчевски со народни пари преку картичка не е познато, а дека нема евиденција за потрешените средства се наведува во извештај на заводот за ревизија.

– Ревизијата утврди дека во текот на 2018 година преку картичка е реализиран промет во износ од 683 илјади денари, а за начинот на евидентирање на прометот не е постапено по препораката на Овластен државен ревизор. Ваквата состојба не е во согласност со одредбите од Законот за сметководство за буџетите и буџетските корисници и Правилникот и влијае на реалното и објективно прикажување на позициите во финансиските извештаи, а и на квалитетот на информациите што истите ги даваат, се наведува во Конечниот во Конечниот извештај за извршена ревизија на усогласеност за 2018 година на Министерството за информатичко општество и администрација.

На прашања на Алфа од министерството се правдаат, па вината ја префрлаат на Службата за општи и заеднички работи на Владата оти тие биле задолжени за оваа работа. Но, објаснуваат, со картичка се плаќа исклучиво при службени патувања и при посета на странска делегација, кога домаќин е министерството.

-Сметководството на МИОА, е во надлежност на СОЗР (Служба за општи и заеднички работи) и од нив зависи начинот на којшто се води евиденција на трошоците направени со електронските картички на министерот, заменик министерот и државниот секретар. Од страна на МИОА, веќе е испратен официјален допис со барање до одговорните за водење на сметководството во СОЗР, задолжително да водат аналитичка евиденција за сите 3 кредитни картички кои ги користи министерството. Дописот е доставен и до ревизорските тимови од двете последни ревизии, велат од Министерството за информатичко општество.

Според Алатката за отченост на носителите на јавни функции министерот Манчевски само во првите пет месеци од годинава за карти за авион, ручеци, превоз, телефонски сметки и слично потрошил 409.666 денари, а за останатите месеци податоци нема.

Во 2017-та пак, Манчевски за исти намени, за пола година, од јуни заклучно со декември потришил 766.994 денари. За првите шест месеци од годината вакви податоци не постојат на транспарентната алатка за отчетност.

Latest News

„Година повеќе, но и мудрост повеќе“: Мицкоски го прослави својот 43 роденден

рестедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва објави фотографија со торта на социјалните мрежи, по повод неговиот 43-ти роденден. „Година повеќе,...

Коронавирусот мутира и станува сѐ поотпорен на мерките за заштита

Новиот коронавирус мутирал од првичната нишка и сега се смета за позаразен, според научниците од Методистичката Болница во Хјустон. Студијата, која се уште не е...

Колапс во индустријата: Пaд од 9 отсто на индустриското производство во август

Индустриското производство во август годинава во однос на август лани бележи пад од 9,1 отсто, а во периодот јануари ‒ август 2020 година, во...

МК „хотел Мериот“, Телма и Заев – тоа е коалицијата

Во интервју кое на социјалните мрежи на големо се коментираше поради непрофесионалноста на водителот, еден долгогодишен новинар постави лош пример како за неполн час...

Поради дефekт дел од Центар ќе остане без вода

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека утре поради дeфект на затварач ф 80 мм., на ул.Филип Втори Македонски ББ (карши Жена Парк), прeкинато...

More Articles Like This