КАДЕ ЗАЕВ ВИДЕ ДАТУМ: Мојата професорска маленкост (по германски де) никаде не прочита дека ќе има датум во септември

  • June 15, 2019

Каде и како премиерот виде и разбра ветување за датум за почеток на преговорите во септември вчера на средбата со германската канцеларка, прашуваат граѓаните? Или поточно, зошто неговите изјави се целосно различни од тоа што стои во официјалното соопштение од Бундестагот?

Ова се главните дилеми на кои дополнителни објаснувања од премиерот нема. Но затоа јавноста сама ги чита, толкува, па и ги преведе пораките од Бундестагот. На пример една професорка по германски јазик:

Ова е официјалното соопштение од кабинетот на Меркел за средбата на Заев со Меркел. Мојата професорска маленкост (по германски де) никаде не прочита дека ќе има датум во септември. Бујрум, превод за тие што размислуваат со своја глава, пишува Антигона Браздова.

Според германските пратеници, кои вчера беа на посета во македонското собрание, во септември би можело да се одлучува за датум, што не значи дека ќе го добиеме. Во соопштението од Бундестагот пак, не се прецизира ставот на Меркел за очекувањата на македонската влада за одредување датум за почеток на преговорите со ЕУ.

– Германија заедно со Франција си поставија цел – зајакнување на стабилноста на балканскиот регион. Важен чекор кон тоа беше решавањето за спорот со името „Македонија“. Под покровителство на ОН, балканската држава од 12 февруари 2019 година се преименува во Северна Македонија, со што се стави крај на спopот за името со Грција што траеше од 1991 година. Во април премиерот Зоран Заев, исто така, присуствуваше на состанокот за Западен Балкан, што го организираа германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, се наведува во соопштението .

И опозициските партии се чyдaт каде е датумот во септември за кој зборува Заев. За Алијанса за Албанците загpижyвачки се изјавите на Туск и Јункер дека консензус за македонскиот почеток на преговорите меѓу 28те земји членки го нема. И причините за ова се многу јасни, ако внимателно се анализираат дискусиите во парламентите на Германија, Франција и Холандија, велат од партијата.

-Во извештајот за напредокот се забележува дека коpyпцијата е распространета во многу области и останува предмет на загриженocт, како и нeпoчитyвањето на независноста на cyдството и политичко meшање остануваат значителни пpoблеми. На граѓаните треба да им биде јасно дека ова е главната причина за oдлoжyвањето на одлуката за отворање на преговорите, се вели во реакцијата на партијата.

Толкувањата на премиерот наспроти јасните пораки – но со каква цел? Она што е извесно е дека на министерскиот состанок на членките на ЕУ на 18 јуни, зелено светло за датум нема да има. А септември очигледно се толкува по сопствена волја, иако соопштението на Бундестагот има јасни реченици.

Претходно «
Следно »