КАДЕ ИМА НАФТА, ТАМУ ДОАЃА „ДЕМОКРАТИЈА“: САД воспоставија голема воена база во сириската провинција богата со нафта

  • March 27, 2018

Со очигледен обид да се воспостави контрола над нафтените депозити во Сирија, САД започнаа со изградба на голема воена инсталација во провинцијата Деир Ез-Зор, според висок претставник на Сириските Демократски Сили (СДС).

Мехди Кобани, секретар за медиуми на СДС во Деир Ез-Зор, изјави за Спутник дека новата американска воена база се гради во близина на нафтеното поле Ал-Омар – најголемиот нафтен депозит во Сирија.

“САД градат голема воена база во регионот на Ал Омар во западниот дел на Демир ез-Зор, поради опасност по нашата безбедност, не можеме да обезбедиме информации за површината на оваа нова инсталација. Во моментов има градежни машини кои работат во близина на базата, а изградбата ја обезбедуваат силите на СДС “, вели тој.

Претходно локалниот медиум исто така објави видеоснимка на американските воени хеликоптери кои работат во областа каде се гради овој нов објект.

Коалицијата предводена од САД ја започна својата кампања на воздушни напади против ИСИС во 2014 година, а потоа САД распореди и копнени трупи во североисточните региони на Сирија, бидејќи таканаречениот калифат на терористите започна да губи територија. Дамаск постојано ја критикуваше американската воена интервенција, истакнувајќи дека американските сили никогаш не биле поканети во земјата од страна на меѓународно признаената влада на претседателот Башар Ал Асад.

Претходно «
Следно »