КАЕВСКИ ЈА ПРЕФРЛА ВИНАТА НА ПЕЧАТНИЦАТА: И жири комисијата се огради

Поврзано

Ресен е општина со најмногу зaбoлeни од Koвид-19 по глaвa на жител

Ресен изминатиов месец стана град со најмногу Koвид-19 случаи по глава на жител во Македонија. Речиси три месеци немаше ни...

(Фото+Видео) Целото писмо од Боки 13 испратено од зaтвop – Дpжeн сум по секоја цена во пpитвop, додека вистинските кpиминaлци шepифyвaат и кoмaндувaат

Обид за убиство, шпионажа, противзаконско присвоени предмети при претрес се дел од кривичните дела во пријавите кои ги поднесе...

Мицкоски во Каменица, Берово и Пехчево, носителите на листи на средби со граѓани

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и носителите на листи денеска ќе остварат средби со граѓани и ќе дадат изјава...

Директорот, Дарко Каевски, ја префрла вината на печатницата „Арс ламина“ која била ангажирана да го испечати тиражот од 5.000 примероци на контроверзната книга „Млади поети“, каде се најдоа песни со шовинистичка содржина и говор на омраза, во авторство на Александар Блажевски. Откако се огради жири комисијата, Каевски вели дека се чешлаат процедурите и се утврдува одговорноста. Посочува дека никој во АМС не ја вршел селекцијата.

-Ние не треба да бидеме издавачи. Сега и тоа го чешламе. „Арс ламина“ треба да биде издавач и уредник. Не ние како АМС. Без никакво одобрение не ставаат нас како уредници и издавачи. Јас ниту сум се потпишал, ниту сум одобрил – вели Каевски за „Фокус“.

Спорно само по себе е тоа што изгледа дека никој во Агенцијата не ги ни прочитал песните пред да бидат објавени. На прашање дали требало сепак некој да изврши контрола пред стиховите да излезат од печат, Каевски вели.

-Требало, можеби, да, но тоа е работа на Комисијата – додава директорот.

Во прилог на неговото тврдењего сподели записникот од седницата на Комисијата. Според записникот на 22-ри декември минатата година стручната комисија се состанала за да ги разгледа и прочита пристигнатите творби од вкупно 48 автори. Како што стои во записникот тричлената комисија била формирана со цел да изврши селекција и избор на најдобрите творби.

Имено, тоа и го тврдат членови. Тие денеска испратија соопштение до медиумите во кое наведуваат дека не биле консултирани кои творби да влезат во збирката. Нивната задача била да извршат селекција и избор на најдобрите авторски творби од проектот „Млади поети“. Според нив, си ја извршиле работата со тоа што одлучиле кои тројца автори да бидат наградени.

-Покажаа некое решение каде освен за награди сме задолжени и за селекција. Решението ние никогаш не сме го виделе и на него нема наш потпис. Ние не ја правевме селекцијата. Тие ја правеа, а сега сакаат ние да сме биле селектори за да ја префрлат вината – вели поетот Тихомир Јанчовски.

Останува отворено прашањето зошто Агенцијата не ги прелистала страните пред да ги испрати на печатење, прашање што фрла сомнеж кој допрва треба да се расчисти.

Актуелно

(Фото+Видео) Целото писмо од Боки 13 испратено од зaтвop – Дpжeн сум по секоја цена во пpитвop, додека вистинските кpиминaлци шepифyвaат и кoмaндувaат

Обид за убиство, шпионажа, противзаконско присвоени предмети при претрес се дел од кривичните дела во пријавите кои ги поднесе...

Фокусот на идната влада ќе биде во економијата

„Фокусот на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде исклучиво во економијата", нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи во дебатната емисија на телевизија 24. Мицкоски...

Мицкоски најави: Ќе имаме тело за проверка на реализација на проектите од програмата

Денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски гостуваше во дебатна емисија на телевизија 24 каде што посочи дека по доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт...

Мицкоски: Потребна му е правна сигурност на бизнисот, изминативе триесет години тоа го немаме

„Апсолутно во програмата зборуваме и за нови вработувања. Јас не зборувам за економија која што ќе се темели на популистички интервенционизам, нешто се случуваше...

Домашни и странски експерти помагаа во изработка на нашата програма обнова

„Многу внимателно ја составивме програмата, со многу луѓе кои што се од земјава и од странство, пред се тука мислам на проф....

Повеќе вести