Кака: Нејмар ќе ја освои „Златната топка“ во 2020 година

  • February 6, 2020
  • Коментари

Некогашната ѕвезда на Милан и Реал Мадрид, Рикардо Кака смета оти неговиот сонародник Нејмар е меѓу главните кандидати за освојување на најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот „Златната топка“.

 

 

Кака ова признание го доби во 2007 година по што оттогаш ниту еден друг Бразилец не се искачи на самиот врв со тоа што мора да се напомене дека Нејмар во неколку наврати беше во Топ 3.

-Дали верувам дека Нејмар може да ја освои во 2020? Тој е еден од најдобрите на светот, немам никаков сомнеж околу тоа. Тоа што му е потребно да освои тимска титула и биде еден од главните играчи во тоа достигнување. Ако ПСЖ ја освои ЛШ, Нејмар најверојатно би ја освои „Златата топка“, -порача Кака.

Претходно «