КАКВА ВРСКА ИМАШЕ АМБАСАДАТА НА САД СО ПРЕСТРЕЛКАТА МИНАТИОТ МЕСЕЦ: Геро ја повикува „амбасадата на Калето“ да упати апел до скопското подземје?

  • November 15, 2016

Во текот на вчерашниот ден, на половина час пред полноќ во СВР Скопје пристигнала пријава за сообраќајна незгода која се случила на крстосницата помеѓу бул.Партизански одреди и улицата Париска во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“, по што возачот бил пронајден со три прострелни рани

ambasada_sad_gero

Како што дознаваме од извори во МВР, во пријавата која пристигнала во СВР Скопје некаде во 00.10 часот, не била пријавена и престрелка, а повредениот не се здобил со никакви повреди од сообраќајката што наведува на сомнеж дека престрелката се случила на друго место.

Според заменик министерот за внатрешни работи Оливер Андонов, првичните сознанија кои ги има полицијата насочуваат кон тоа дека се работи за некаква пресметка, дали тоа ќе биде чисто криминална или криминално политичка пресметка со оглед на профилот на лицето кое учествувало во неа, допрва полицијата ќе истражува.

Со ова беа потврдени и информациите до кои дојде Инфомакс уште во текот на ноќта дека полицијата се сомнева на одмазда, имајќи го во предвид фактот дека повредениот Д.Т. во изминатиот период користејќи ги нелегално стекнатите снимки кои ги добил од Зоран Заев се обидувал да извршува рекет врз бизнисмени и угледни граѓани.

Оваа несреќна случка го наведе и гласноговорникот на Заев и вечно незадоволниот Геровски во кратка колумна да го осуди ова однесување на телохранителите на Шилегов и Спасовски, но и да упати прекор и апел до „амбасадата на Калето“ да си ги прибере како што вели Геро „доберманите“.

gero_pukanje2gero_pukanje

Имајќи ја во предвид блиската врска помеѓу Амбасадата на САД со претставници на СДСМ и СЈО, но и функцијата која ја имаше раководителот на правниот сектор во Амбасадата, Кристина Каранакова во вршењето притисок за ослободување на главниот осомничен во случајот „Пуч“ Зоран Верушевски, се поставува прашањето – дали Амбасадата или нејзини претставници имаат замешано прсти во вчерашната крими драма која се случи во Скопје? Зошто инаку Геро би упатувал апели токму до таа амбасада?

Претходно «
Следно »