October 1, 2020, 8:22 am

Каков ден ве очекува на крајот на работната недела?

Поврзано

Дневен хороскоп

ОВЕН Не се откажувате од своите идеи дури кога и колегите даваат објективни забелешки. Имате нагласена потреба за љубов и...

Дневен xopockoп за недела (27. септември 2020)

ОВЕН Работа: Пробувате да не размислувате за работа. Недела е ден за одмор. - Реклама - Љубов: Уживате во времето минато со...

Дневен хороскоп за петок (25. септември 2020)

ОВЕН Работа: Полека ги завршувате обврските за оваа недела, и се радувате на престојниот викенд. Љубов: Сте испланирале викендот да го...
- Advertisement -

Овен

Мора да направите листа на приоритете доколку мислите подобро да се организирате. Во спротивно ќе бидете приморани некои од активностите да ги префрлите на најблиските колеги. Не чувствувате позитивна енергија само затоа што некој не се согласува со вашиот начин на живот.

Бик

Останатите луѓе на работа неправедно мислат дека не заслужувате да напредувате, но само вие знаете колку труд сте вложиле да ги подобрите работните перформанси. Саканата личност се обидува да ви помогне да се чувствувате подобро, но вам тоа ви смета. Сакате да бидете сами со својата нервоза.

Близнаци

Немојте веднаш да се муртите и да се лутите кога некој ќе ви згазне на опашот. Не сте мали, треба да се однесувате во склад со вашите години. Можни се проблеми со низок притисок. Не прифаќате некој да ви се меша во љубовниот живот.

Рак

Колегите што постојано имаат желба да ве надминат, на другите и на вас делуваат како вируси и паразити. Никогаш не сте ги сакале таквите личности, а сега постојано ги среќавате. Вашата толеранција не е на високо ниво како некогаш, сега немате живци ни за најситните негативни коментари. Сите ви велат дека сте се смениле, но никој не знае зошто.

Лав

Доколку немате заеднички цели со некои колеги, тоа значи дека не треба ни да се здружувате околу исти проекти, туку секој да ги работи своите работни задачи. Кога ќе се случи да сте интелектуално појаки од саканата личност, таа како да ја губи волјата да поминува време со вас и тоа би можело да биде непријатно за двајцата.

Девица

Тишината на работното место најчесто значи дека нешто се подготвува зад вашиот грб, а тоа никако нема да заврши добро за вас. Жал ви е што сте се увериле дека онаа изрека „далеку од очи, далеку од срце“ е точна. Кога не ја гледате вашата симпатија, како да ви се губат вашите емоции.

Вага

Издржете уште неколку денови, па ќе ви се пружи можност да земете одмор, тогаш ќе можете да ги наполните батериите и да заборавите на своите обврски. Ја идеализирате саканата личност иако знаете дека секој од нас има мани. Согледајте ги работите од вистински агол и бидете зрела и одговорна личност.

Скорпија

Не можете да се надевате на нешто добро, доколку не се согласувате со никого на работа. Веќе имате проблеми што е тешко да се решат без мешање на претпоставените. Љубовните прашања се тука, но немате одговор на нив. Поради тоа се чувствувате немоќно и помалку неволно.

Стрелец

Одамна не верувате во тоа дека ќе ви биде многу подобро на работа, но сметате дека сепак подобро поминавте од некои ваши пријатели што работат подолго од вас, а заработуваат помалку. Одлучувате да направите нешто квалитетно и корисно во исто време, но не наидувате на одобрување од пријателите и од семејството.

Јарец

Одите од крајност во крајност што и да започнете. Тоа нема да излезе на добро, колку и вие да го посакувате. Не се чувствувате баш најдобро, но утеха ви е тоа што знаете дека ќе помине и овој ден и утре ќе имате можност да ја поправите ситуацијата.

Водолија

Не се согласувате баш најдобро со колегите денес, но тоа кај вас е веќе секојдневие. Одите сами против сите, иако знаете дека тоа не е најдобро решение. Од емотивната страна сте исполнети, но сепак ви недостига некоја авантура и страст во животот кои порано сте ги имале, но како повеќе да немате храброст за тоа како некогаш.

Риби

Никој не може да ви гарантира дека ќе напредувате, дури и кога ќе дадете сè од себе и ќе се трудите од петни жили да успеете. Не сте доволно атрактивни за спротивниот по и тука не можете да направите ништо. Некои луѓе го едноставно немаат она што би било потребно да бидат популарни кај повеќето.

Latest News

Прогласен кapaнтин во Мадрид

На жителите на Мадрид, кој моментално е жaриште на инфекцијата, ќе им биде зaбрането да ги нaпуштаат домовите, освен...

Заев за Каракачанов: Тој ми е пријател и тој премногу ја сака Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во интервју за ТВ Стар, говорејќи за пpоблемот со Бугарија, рече дека вицепремиерот на Бугарија Красимир Каракачанов некогаш премногу...

Американските pазyзнавачки служби планирале да го отpyјат Асанж

Американските pазузнавачки служби планирале да го отpyјат или kиднапираат основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, пишува британскиот весник „Гардијан“. Деталите за оперaцијата ги раскажал поранешен вработен...

Внимавајте: Коpoнавирусот се пренесува и преку мобилните телефони

Мобилните телефони можат да го пренесат коронавирусот, сугерира истражување спроведена на италијанскиот универзитет „Тор Вергата“ во Рим. Истражувачите, предводени од професорот Џанлорето Д’Ало, откриле дека...

Прогласена вонpeднa состојба во Чешка

Чешката Влада прогласи вонpeдна состојба, која стапува во сила од понеделник, и воведе мерки кои вклучуваат огрaничување на собири и забрaнa за мјузикли и...

More Articles Like This