Каков татко, таков син – Мик Шумахер е шампион во Формула 3

  • October 14, 2018
  • Коментари

Мик Шумахер, син на седумкратниот Формула 1 шампион Михаел Шумахер, триумфираше во европскиот Формула 3 шампионат и покажа дека му претстои блескава иднина, а со освојувањето на титулата се повеќе се доближи и до Формула 1.

19-годишниот Шумахер стигна до големиот успех откако на денешната втора трка во Хокенхајм заврши на втората позиција.

„Среќен сум поради овој голем успех, кој значи и остварување на дел од мојот сон. Позади себе имам силен тим и оваа титула е токму поради“, изјави Мик Шумахер по големиот успех

Со триумфот во Формула 3, Мик Шумахер тргна по стапките на неговиот татко, a за очекување е од следната сезона да направи чекор понапред, односно да биде дел од Формула 2.

Претходно «
Следно »