November 28, 2021, 8:58 am

Како Лиле Стефанова купила стан од 70 илјади евра? – Антикopyпциска отвори истpaга

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната комисија за спречување на корупција отворила постапка по допрен глас против обвинителката Лиле Стефанова која во периодот 2015-2016-та година се стекнала со имот, стан на кој продавач е компанијата Адора Инжењеринг во сопственост на Ванчо Чифлиганец.

Се работи за имот вреден 70 илјади евра, поточно стан купен на име на нејзината невработена ќерка кој бил исплатен во период од една година.

Во случајот како купувач на станот се јавува лицето Рената Стефанова од Радовиш, ќерка на Јавната Обвинителка од Радовиш, Лиле Стефанова. За ова склучен е Договор за купопродажба на недвижност склучен помеѓу Адора Инженеринг ДООЕЛ Скопје , како продавач и Стефанова Рената од Радовиш како купувач.

Нашите информации велат дека во текот на 2015 и 2016 година во целост е исплатена купопродавжната цена за стан, во износ вкупен од 4.480.525 денари со пресметан ДДВ или околу 70 илјади евра од страна на купувачот.

Се поставува прашањето како успеала со обвинителска плата и ќерка која во тој период е навработена да купи и исплати стан од 70 илјади евра?

Ова прашање го наметнала и Атникорупциска комисија од каде не известија дека по допрен глас на своја иницијатива покренале слупчај против обвинителката.

Антикорупциска врз основа на информациите објавени во повеќе медиуми го отворила предмет за поранешната обвинителка на СЈО.

Што се однесува до текот на постапката по однос на предметот, од Антикорупциска ни посочија дека се уште работат случајот и поради зголемениот обем на работа за престојните локални избори и зголемениот број предмети е потребно време за Комисијата да донесе било каква одлука по однос на овој предмет.

Latest News

Максо пак paзочаран од СДCM

Официјално, на синоќешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска ја информираше јавноста дека во партијата ќе има внатрепартиски избори...

More Articles Like This