КАКО РАТКА, ДИМИТАР И НИКОЛА СТИНГАА ДО 5 СТАНА: Станови во Скопје и Хаг вредни по 250.000 евра!

  • May 31, 2017

Никола Димитров освен по своите луди проводи и забави низ Лас Вегас и други метрополи, по влезот во политиката има стекнато вистинско богатство и значително го проширува својот имот, пишува порталот Денешен.


Фамилијата Димитрови до 1998-та година располагаат со 1 стан во строгиот центар на градот Скопје и викендица во Маврово. Од 1998-ма година по влегувањето и именувањето на Никола Димитров на високи политички функции, имотот на фамилијата Димитрови се проширува и тие се стекуваат со нови 5 стана.

-Два стана во Аеродром, во едниот каде што престојува неговата поранешна сопруга и вториот каде што престојуваат неговите родители. Нов стан во Скопје каде што живее Никола Димитров, и уште еден стан во Хаг вреден 250 илјади евра, пишува порталот.

Воедно, до пред извесно време Димитрови располагаат и со стан во Охрид. Ваквиот имот не може да се постигне ниту со држава плата на каква бил Никола Димитров, останува енигма од каде е енормниот имот стекнат во кус период ако се знае дека Димитрови немаат приватен бизнис.

Претходно «
Следно »