КАКО СДСМ СЕ СПРЕМА ДА ВЕ ИЗБРИШЕ: Ако не се пријавите дека не сте фантом, СДСМ се заканува да ве избрише од сите регистри!

  • August 4, 2016

Со единствена цел- да избега од избори, СДСМ го стави во заложништво македонскиот народ и влева страв кај граѓаните.

sdsm-stab-3-Custom-520x316 ИНФОМАСК

Како кула од карти паднаа теориите на СДСМ за фантомски половина милион гласачи со кои ВМРО-ДПМНЕ наводно победувала на изборите. Со договорот, СДСМ призна дека неосновано ги оспорувале изборните резултати измислувајќи 500.000 фантоми.

Иако Избирачкиот список е проверен и прочистен, партиите се согласија уште еднаш да бидат проверени околу 39.000 граѓани кои веќе еднаш беа теренски проверени. Врз овие лица се вршат големи притисоци.

Секојдневно ДИК информира дека се пријавуваат дел од граѓаните чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

Што со оние кои нема да се пријават? СДСМ има план! Партијата на Зоран Заев има план со кој влева целосна несигурност, па и страв кај овие граѓани. Имено, планот на СДСМ е секој што нема да се пријави, да биде избришан од сите регистри, како да не постои.

Овие луѓе СДСМ сака да го остави без пензинско и социјално осигурување, да им ја укине пензијата на пензионерите кои нема да се пријават. Со планот на СДСМ, овие лица нема да можат да извадат ниту лични документи. СДСМ ова го прави свесно, само за политички поени, на грбот на граѓаните. Опозицијата само сака да докаже дека во Република Македонија навистина имало фантоми, а и самите знаат дека тоа не е така.

Претходно «
Следно »