Како се чува папата и кој е доктор Доминико Џани?

Поврзано

Ситуацијата во Иран алaрмантна, скоро 100 пoчинати за едно деноноќие

Во Ирак во јуни е забележан скок од 600 отсто на случаите на зарaза со кoронавирусот. На најголемите ирачки гробиштa...

Нова катacтрофа во Вухан, зaгрозени животите на милиони луѓе

Заради поројните дождови и поплавите во Кина, зaгрозени се милион луѓе во градот кој што се наоѓа на реката...

Џошуа Вонг – “Светот мора да го поддржи Хонг Конг”

Тројца високо позиционирани активисти од Хонг Конг, членови на продемократкото движење „Демосито“, денеска се појавија во суд каде против...

Безбедноста на светски познатите личности е предизвик, а за оние кои треба – и сакаат како папата Франциск – да се движат меѓу луѓе, таа станува уште посложена задача. Заштитата на Светиот отец, особено при неговите патувања во странство, во време на религиски екстремизам и тероризам е поврзана со логистика и подготовка, кои започнуваат со месеци пред патувањето.

Невидливиот дел од обезбедувањето на папата се швајцарските гардисти, кои од 1506 година несебично и професионално си вршат својата задача. Нивни одред е пристигнат во Софија на 1 и ќе остане до 7 мај. Светот ги препознава по колоритните церемонијални средновековни оклопи и албарарди, но тие припаѓаат на многу добро обучен и модерно воор ужен дел. Всушност, тоа е и основата на најмалата државна армија во светот, зашто во гардата служат околу 130 војници и офицери. На територијата на Ватикан тие ја извршуваат задачата и на телохранители, посебно засилена по обидот за ат ентат врз папата Јован Павле Втори во 1981 година. До нападот на Али Агџа обезбедувањето на Ватикан речиси 80 години имаа шмај зерови пиш толи Dreyse Model 1907 со калибар од 7,65 милиметри, што беа заменети со Sig Sauer P220. Кога ор ужјето треба да се носи подискретно, на пример при престој во странство, се користи 9 милиметарскиот Glock Model 19.

Но, тоа не е основниот дел од обезбедувањето на папата при неговите средби со илјадници луѓе, кои минуваат на плоштадот „Св. Петар“ или при визити во странство. Со тоа се занимава Корпусот на жандармеријата на градот-држава Ватикан. Жандармеријата е стара 203 години и нејзината бројност е приближно колку и таа на швајцарската гарда.

Тоа се специјалисти за тактичко разуз навање и проценка на ситуацијата, за планирање, управување со сообраќајот, за заштита и одбивање на напад, одред за спречување на саботажи и отстранување експлозиви/ Воор ужувањето им е различно и со различен дос трел и љубопитните познавачи забележале дека тоа вклучува пиштоли Glock и автоматски и полуавтоматски Hec kler&Koch, Beretta од серијата Carbon 15 и пиш толи-пу шки од италијанскиот FABARM.

Началник на ватиканската жандармерија и личен телохранител на папата е д-р Доменико Џани, кој често може да биде виден како го придружува папамобилот. Тој има 56 години и доаѓа од финансиската полиција на надворешното разузнавање на Италија, во 1999 година е заменик раководител, а во 2006 (за време на папата Бенедикт XVI) станува главен инспектор на ватиканската Corpo della Gendarmeria. Роден е во Арецо и завршил педагогија во Сиена.

Опа сност постои и тоа се потврдува од нашите разговори со италијанските и странските колеги, изјави Џани во 2015 година во интервју за списанието Polizia Moderna. „Но, опасноста е една работа, а планиран напад е нешто сосема друго“, рече тој.

Обезбедувањето, според него, е постојано многу внимателно и тоа според околностите и условите.

Не станува збор само за Исламс ката држава, пси хички нестабилни луѓе, ман ијаци или едноставно такви на кои може да им текне да направат нешто за да го привлечат медиумското внимание, раскажува телохранителот.

Тој опишува дека папата Франциск нема намера да го менува својот стил, што се темели на поголема блискост и директен контакт со луѓето.

Дури и како папа, тој си останува свештеник, кој не сака да изгуби контакт со својата паства. Обврска ни е да го заштитуваме и да се прилагодиме на него, а не обратно. Треба се да сториме за да може тој да продолжи да проповеда така како што сака, вели Џани.

Џани посочува уште дека папата Франциск бил на чисто со опа сностите, но повеќе загриженост изразувал од десетиците илјади верници и гости, кои секојдневно доаѓаат во Ватикан.

Главниот инспектор на жандармеријата вели дек има добра соработка со муслиманските држави „кои не само што ми испраќаат вредни информации, туку и своја почит кон Светиот отец. Денес можам да кажам дека исламскиот свет го почитува како највлијателен морален авторитет во светот“. Тој открива и дел од критериумите да се биде телохранител на папата. Кандидатот треба да е добар христијанин и да ја сака црквата. Треба да има завршено образование и висина барем од 1,73 метри. Жени не можат да бидат дел од нив. Неодамна имало 20 слободни позиции за кои се јавиле околу 1.000 кандидати. Џани дополнува дека би сакал да располага со повеќе од тие околу 130 вработени, но ги потенцира и буџетските ограничувања.

Третата институција, што е поврзана со безбедноста на папата е SIV (Servizio Informazione del Vaticano). Во медиумите се спори околу природата на таа служба на Ватикан, а верзиите се движат од шпекулации дека таа е слична на ЦИА и Мосад со „корени во инквизицијата“ и „агенти со лиценци за уб ивање“, до многу поблиската до реалноста дека таа е аналогна на Foreign Service на Државниот департмент на САД. Поинаку кажано, во SIV се луѓето за кои се смета дека ненаметливо собираат информации во странство, без да се службеници на разузнавачки служби. Тоа е посебно важно за патувањата на папата. И не треба да се изуми дека Светата столица со векови располага со веројатно најшироката мрежа за собирање информации во светот.

Швјцарската гарда и жандармеријата на Ватикан работат во тесна соработка со локалните полиции и воор ужените сили на државата во која гостува папата. Тие треба да имаат детални информации за местата на средбите и појавувањето пред јавноста, како и можности за интервенција. Но, колку и да е движењето на папата контролирано, Франциск е склон на импровизации. Сепак, последен збор за планирањето на безбедноста ја има државата домаќин.

Актуелно

Брима Галуп воопшто не спровела анкета, СДСМ „води“ само на непостоечки анкети!

Новинарот Горан Момировски во емисијата „Заспиј ако можеш“ откри скандал од невидени размери споделувајќи со македонската јавност дека Брима...

Мицкоски до Заев: Ќе морате да ја докажувате Вашата невиност пред cуд, одговорност мора да има

На вечерашниот тв дуел гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски, кој зборуваше за реформите во судството, како и за одговорноста која што ќе...

Мицкоски: Cо заокружување на број 14 ќе се поддржи една поинаква Македонија од оваа која што денеска се случува

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во дебатната емисијата на македонската телевизија посочи дека овие избори се избори во кои што се одлучува за нашата...

Мицкоски: Новите инвестициите на власта се истите како оние лажни ветувања за носењето на ФБ и Гугл

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашната дебата на МТВ зборуваше дека откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта во државата одноsно по 15...

Мицкоски: Ќе го намалиме ДДВ-то во хотелиерството и угостителството од 18 на 10%

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот ТВ дуел со лидерот на СДСМ, Зоран Заев на МТВ изјави дека во следните 4 години граѓаните...

Повеќе вести