КАКО СО 40 МИЛИОНИ ДА СИ КУПИШ CУДИJA И ПРЕМИЕР: Случајот “THT” ќе пaднe како крушка на било кој повисок cyд, ама кој ќе ја иcпpaви нeпpaвдaта?

Поврзано

ЗАЕВ „БЕГА“ ОД ИЗОЛАЦИЈА: Наместо во самоизолација поради контактот со Мухамед Зекири, Заев во кафана со цела камарила

Наместо во изолација поради блиските контакти со Мухамед Зекири кои во претходните денови речиси со сигурност ги имал, Заев...

РЕГИСТРИРАНИ НОВИ 24 CЛУЧAИ НА ЗAРAЗEНИ ВО СКОПЈЕ: Еве во кои општини се нoвoзaбoлeнитe

Денеска во Скопје се регистрирани 24 нови случаи на ковид-19. По општини: Бутел – 6, Чаир – 11, Гази...

(ФОТО) ВУЛИН СО ПРАШАЊЕ ДО ШЕКЕРИНСКА: Зошто не се сликаш пред кyкacт крст кој е нaциcтички cимбoл?

Фотографијата на Шеќеринска пред симболите на УЧК денеска ја коментира и официјален Белград односно српската влада и еден од...

Законите постојат за да се почитуваат, барем во нормалните држави. Во Македонија, не баш – затоа што ако се почитуваат, тогаш не би било спорно дали дивоградбата на Фијат Цановски требало или не да се сруши. И со динамит ако треба. Но, бидејќи Македонија не е нормална држава, и законите не се почитуваат, односно, ги почитуваат само оние кои немаат како да си ја купат слободата сведоци сме на случаи како “Рекет”, “ТНТ”, “Монструм”….

Во случајот со дивоградбата на Фијат Цановски, која според обвинението на СЈО била нелегално дигната во воздух, иако, на очиглед на целата јавност но и поткрепена со 30 судски одлуки дека била дивоградба, судот се брза да донесе осудителна пресуда за обвинетите во случајот. Додуша, брза судијата Огнен Ставрев за кого во јавноста постои сомнеж дека има договор со Цановски за парче од 40-милионска оштета која треба да ја добие бизнисменот од државата.

Освен 40 милиони евра оштета, на судијата наводно му било ветено и унапредување во Апелацискиот суд, а пак тој за возврат ветувал дека “ќе уништи се што е ВМРО-вско”.

За ова коментира и политичкиот аналитичар Александар Пандов, кој освен деталите за договорите помеѓу судијата, Заев и Цановски, зборува и за настраностите на судијата кој, патем речено, е син на висок комунистички функционер.

Рејтингот на Заев и СДСМ е во слободен пад. После цел апашлук и рекет тоа е и нормално. Како и секоја окупаторска и фашистичка власт на заминување, така и овие сега се обидуваат да направат што поголеми штети матријални и човечки, како би ја задоволиле желбата за крв пред се нивна, а и на нивните симпатизери. Па така деновиве во позадина на предизборието, Заев преку неговиот сатрап, судијата Огнен Ставрев, притискаат уште во понеделник луѓето обвинети во случајот ТНТ, бидат драконски осудени. – коментира Александар Пандов.

Аналитичарот потсетува дека токму Фијат Цановски е еден помеѓу рекетираните бизнисмени во случајот со Боки 13, кој пак платил стотици илјади евра за да не бидат објавени компромитирачки фотографии за него. Поточно, платил 270.000 евра – од она што досега се знае.

Да се потсетиме, Фијат Цановски кој патем речено повторно се појави во македонската јавност во случајот Рекет каде бил рекетиран од Боки за да истиот не пушти во јавност негови компромитирачки фотографии, е главниот актер во случајот ТНТ. Истиот го гради објектот Космос, каде излегува градежна инспекција и констатира дека е дивоградба и надвор од градежната дозвола. Ова како што пред некое време го објасни поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони трајковски, е поткрепено со 30 судски одлуки кои се во корист на општината, а Фијат и неговата фирма ги губат. Конкретно во дозволата на Фијат истиот требало да има три спрата подрумски гаражи, но кога дошол до вториот му се појавува вода, која за да ја отстрани и го направи и третиот ќе го чинела плус два милиони евра. Му се видело многу, па си терал на диво. За се ова има стотина докази дека е така. Ако ова се случело во периодов на владеење на Заев, на секого му е јасно дека веднаш кај Фијат ќе се појавел Боки со Луј Витон чанта, која откако ќе била наполнета со милиони, а подоцна поделена со Заев, Космос ќе станеше легална градба. Иако и тогаш Фијат им нудел пари, институциите постапиле по словото на законот.

Деталите за случајот “ТНТ” се вчудоневидувачки. И покрај 30 пресуди на Македонските судови, сите во корист на општина Гази Баба, градоначалникот Тони Трајковски, но и обвинетите Миле Јанакиески и Никола Груевски, Огнен Ставрев продолжува со самоволието во судот и непочитување на законите кои пак налагаат дека секогаш кога има несоборливи докази истите да се земат како одлучувачки фактор при носењето на одлуката за пресуда.

Дополнително, аналитичарот Александар Пандов објаснува и за ликот и делото на судијата Огнен Ставрев.

Меѓутоа цела слика се менува околу овој случај кога на сцена доаѓа Катица Јанева и бомбите на Зоран Заев. Како и се останато што е извртено во Македонија, така и во овој случај кримининалецот станува жртва, а тие што терале правда стануваат виновници. За спроведување на овој план, заевата Хунта го става судијата Огнен Ставрев да го води предметот. А кој е Огнен Ставрев? Син на некогашниот потпретседател на југословенската влада и генерален секретар на ЦК на комунистичката партија на Југославија, Драгуљуб Ставрев. Како и што носи редот живее на падините на Водно на плац и куќа кои ги добиваат за без пари од држават, а со тоа е и прв комшија на негаторот на се што македонско, Мирослав Грчев. Не случајно токму комшијата и семеен пријател на судијата Ставрев, Мирослав Грчев е сведок односно т.н. “независен” вештак во случајот на страната на Фијат Цановски, а против обвинетите.
Тие што го познаваат со чудење раскажуваат за неговата огромна омраза кон ВМРО. Дури повеќе за ова сведочат и новинарки пред кои во време на пауза отворено плукал против ВМРО и Груевски. Пред неколку дена бил на преглед и пред повеќе доктори повторно претел и се заканувал дека ќе уништи се што е вмровско. Сите негови колеги потврдуваат дека ликот имал долги години страшни проблеми со алкохолизам и тврдат дека алкохолот има направено трајни последици по неговото ментално здравје. Имено сите што присуствувале на негови судења потврдуваат дека за кратко време неговата концентрација паѓа, после кое движењето на неговата глава е иднетично со движењата на кутренцата кои ги ставаат луѓето на шалт таблите во возилата, безвезно клатење со главата гледајќи во една точка. Покрај омразата на ВМРО, веројатно и алкохолот е тој кои го спојува со друга пијандура во Град Скопје, каде во меѓувреме СДСМ ја вработува неговата сопруга. Синот му го вработуваат во Комерцијална Банка кај Хари Костов. Но тоа не е се. Јавна тајна е дека изборот на судии за апелација е одложен токму заради него. Имено се чека овој судија да им додели високи казни затвор на обвинетите и дури потоа да ја добие една од наградите, унапредувањето во судија на апелациониот суд во Скопје.

И секако, во сликата секогаш влегуваат големите суми на пари и лукративните интереси на вмешаните актери. А, лукративните интереси се бројат во десетици милиони евра. Поточно, 40 милиони.

Сепак се ова не би било доволно, ако во цела операција нема пари и тоа во случајот, многу пари. Па така да ве потсетам дека паралено со случајот ТНТ, Фијат ја тужи државата и бара од нејзе оштета од 40.000.000 милиони евра. За да може да му ги исплати Заев, претходно Огнен Ставрев треба да ги осуди обвинетите во случајот, а него да го прогласи за жртва. Оставам на вашата имагинација да се обидете да ги поделите парите меѓу нив, кој колкав дел ќе земе, но мене се ми се чини дека покрај делот за Фијат и судот, огромен дел од тие пари ќе бидат употребени за поткуп на наредните парламентарни избори од страна на СДСМ.

Пандов додава…

Дека работите одат во тој правец потврдува и фактот што Фијат Цановски со поништена градежна дозвола повторно спротивно на закон ја реобновува градбата на Космос. Значи, ајде што граделе спротивно на закон, ајде што подоцна СЈО на СДСМ очигледно политички мотивирано ја повлекло кривичната пријава против Фијат Цановски за градење дивоградба, ајде што ни криви ни должни сакаат да ги осудат затвор 7-8 невини луѓе кои постапиле по закон, ајде што пак почнуваат градба спротивно на Законот и од истата ќе заработат милиони евра со продажба на становите, туку тие сакаат да “црпнат” уште можеби 30-40 милиони евра од буџетот, од моите и вашите пари.

И конечно, аналитичарот ја отвара логичната дилема во врска со пораката која ја испраќа ваквиот однос на судиите кои требаше да го отворат судството како “пупка”.

Конечно по којзнае кој пат, која е пораката која ја испраќа оваа Хунта до граѓаните, а поготово до администрацијата? Еве во Охрид и Струга има куп дивоградби. Ова значи дека ако тргнат да ги рушат, градоначалниците и администрацијата ќе завршат во затвор, а локалните моќници и насилници кои граделе дивоградби ќе бидат наградени со огромен кеш, плус градбите ќе си ги доизградат и легализираат! Вака ли ќе одиме во Европа?

Актуелно

ЗАЕВ „БЕГА“ ОД ИЗОЛАЦИЈА: Наместо во самоизолација поради контактот со Мухамед Зекири, Заев во кафана со цела камарила

Наместо во изолација поради блиските контакти со Мухамед Зекири кои во претходните денови речиси со сигурност ги имал, Заев...

РЕГИСТРИРАНИ НОВИ 24 CЛУЧAИ НА ЗAРAЗEНИ ВО СКОПЈЕ: Еве во кои општини се нoвoзaбoлeнитe

Денеска во Скопје се регистрирани 24 нови случаи на ковид-19. По општини: Бутел – 6, Чаир – 11, Гази Баба – 1, Карпош –...

(ФОТО) ВУЛИН СО ПРАШАЊЕ ДО ШЕКЕРИНСКА: Зошто не се сликаш пред кyкacт крст кој е нaциcтички cимбoл?

Фотографијата на Шеќеринска пред симболите на УЧК денеска ја коментира и официјален Белград односно српската влада и еден од најблиските луѓе на претседателот Вучиќ. Според...

КOРOНAТA НЕ БИРА: Мухамед Зекири позитивен на Koвид-19

Потпрестедателот на СДСМ Мухамед Зекири е позитивен на коронавирусот. Информацијата ја објави на неговиот Фејсбук профил. Зекири информира дека позитивни на коронавирус се и...

ФАЛБАТА Е ‘РЃА: Ако место да работи Филипче продолжи да шета по ПР агенции, бројките не можат да бидат поразлични од денешните

Не може да очекуваме подобри резултати во однос на справувањето со корона вирусот, ако министерот за здравство Венко Филипче, место да ја рабори работата...

Повеќе вести