December 9, 2021, 8:43 am

Како сцени од апokaлиптичен филм: Инфлaцијата ги испразни полиците во маркетите, кризата се продлабочува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кризата со недостиг на гориво и храна во продавниците поради прекини во снабдувањето и недостиг на возачи не се смирува во Велика Британија. Иако војската помага во транспортот на гориво со цистерни до бензинските пумпи во последните денови, полиците на продавниците стануваат сè повеќе празни, а цените растат.

„Крафт Хајнц“, најголемиот светски производител на кечап и храна за бебиња, ги предупреди клиентите претходно оваа недела дека треба да се навикнат на повисоките цени на храната. Цените на кафето, исто така, се очекува да скокнат бидејќи се предвидува инфлацијата да достигне дури осум проценти следната година, највисока во последните 30 години.

Цената на кафето скокна за 73 проценти, има ли светски недостиг?

Цената на кафето арабика скокна за речиси 73 проценти во последната година, но тоа не е единствениот британски проблем. Поради сушата и силниот мраз, плантажите со кафе во Бразил, најголемиот извозник на оваа суровина во светот, имаа за 20 отсто помал принос.

И во Колумбија, трета земја во светот што произведува кафе, земјоделците одбија да испорачаат милиони вреќи кафе оваа година за да добијат повисока цена за арабика. Експертите веруваат дека глобалниот недостиг на кафе започна и може да трае три години.

Состојбата со зголемените трошоци за живот во Британија се влошува, а полиците на многу супермаркети се полупразни поради недостиг на храна како што се салати, билки, млеко, сирење, месо, риба, замрзнат грашок и газирани пијалаци, пишува „Дејли мејл“.

Покрај недостигот на возачи на камиони, малопродажните синџири ги мачи и недостаток на C02, кој се користи во производството на газирани пијалаци, но и за одредени прехранбени производи да останат свежи.

За потсетување, главната причина за оваа криза во снабдувањето лежи во „брегзит“ и тврдоглавата политика на британската влада по напуштањето на Европската Унија во јануари минатата година. Последицата од оваа политика е недостиг од 90 000 до 120 000 возачи на камиони на пазарот на трудот во Обединетото Кралство, велат од здружението на шпедитери „Логистик УК“.

Големите производители на храна ќе треба да ги пренесат трошоците на потрошувачите
Кона Хакви, менаџер за истражување во земјоделската компанија „ED&F Man“, изјави за Би-би-си дека големите производители на храна и пијалаци како што се „Крафт Хајнц“, „Нестле“ и „Пепсико“, сепак, најверојатно, ќе треба да го пренесат тој трошок на потрошувачите.

„Без разлика дали станува збор за пченка, шеќер, кафе, соја, палмино масло, цените на сите овие основни продукти се во пораст. Лошите жетви во Бразил, еден од најголемите светски извозници на земјоделски производи, сушата во Русија, намалените посеви во САД и трупањето резерви во Кина се комбинирани со поскапи ѓубрива, енергија и трошоци за транспорт за да се зголемат цените“, рече Хакви.

Таа додава дека сите производители на храна ќе бидат засегнати и затоа ќе бидат принудени да ги зголемат цените на сличен начин. Вели дека тоа ќе биде толку распространето што сите ќе ги зголемат цените, што значи дека најверојатно компаниите нема да загубат клиенти.

„Пепсико“ предупреди дека исто така се соочува со зголемување на цените во сите сегменти од работењето, од транспорт до суровини, и дека најверојатно ќе следуваат дополнителни поскапувања на почетокот на следната година.

Инфлацијата ќе ги намали буџетите на домаќинствата на Британците, па дури и може да го попречи британското економско закрепнување, предупредуваат експертите. Во услови на страв од недостиг на храна во наредните месеци и паничното пазарење, што придонесе за празни полици во супермаркетите, секој шести возрасен човек во Британија не може да купи основни продукти во последните две недели.

И додека енергијата и дневните потреби растат, главниот економист на Банката на Англија, Хју Пил, предупреди дека Велика Британија се подготвува за подолг и повисок раст на трошоците за живот отколку што се очекуваше.

Минатата недела премиерот Борис Џонсон го отфрли тврдењето дека петтата по големина економија во светот се движи кон инфлаторна спирала, како и во 1970-тите години, и побара од компаниите да се ослободат од децениската зависност од евтина увозна работна сила.

Latest News

(Видео) Драма во турскиот Парламент: Расправата за буџетот заврши со тепачка меѓу пратениците

За време на синоќешната расправа за буџетот на Министерството за внатрешни работи на Турција, дојде до тепачка меѓу пратениците на...

More Articles Like This