КАКО ТИТО ПЕТКОВСКИ МОЛЕЛ КАЈ МИЛОШОСКИ: Со писмена молба Петковски молел кај Милошоски вработување на дипломат!

  • May 25, 2017

Додека во јавноста се актуелни информациите дека во дипломатија се праќаат партиски кадри, додека се договара новата влада, дипломатски извори сведочат за документ од периодот ‎2006-2008 кој бил оставен на маса во кабинетот на тогашниот шеф на дипломатијата со потпис и печат од Тито Петковски, тогаш коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за документ доставен како партиска ургенција до тогашниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски адресиран од Тито Петковски чија партија во тој период беше во владата заедно со ВМРО-ДПМНЕ. Дипломатски извори сведочат дека ова е единствениот ваков документ во МНР во кој на најгруб и непрофесионален начин се ургира за партиски активисти. Оттука истите го поставуваат прашањето зошто урегенции и тоа писмени ако станува збор за дипломати од кариера.

danco_markovski

Станува збор за писмена ургениција од Петковски за неколкумина меѓу кои што е и диполоматот Данчо Марковски кој беше амбасадор во Загреб.

Истиот тој Марковски за кој ургирале или како што молат во документот да го имаат во предвид за соодветно работно место, денес се појавува во јавноста и зборува за партизираност на диполматијата.

Според поранешниот амбасадор и дипломат Марковски, во изјава за телевизија 24, изборот на кадри на овој начин мислејќи на последниот интерен конкурс и целосната ситуација во македонската дипломатска служба, е неприфатлива.

-Оценката што може да се даде е срамотна. Чудно е како тоа вработени кои конкурираат по неколку пати, никако не можеле да пробијат, а имате ситуација кога неколкумина одат од една во друга дипломатска мисија, вели Марковски.

Од друга страна пак, ќерката на Марковски конкурирала на како што ги нарекуваат од Синдикатот спорни конкурси од оваа година. Тука се поставува уште едно прашање дали во овој случај ќе станува збор и за непотизам затоа што таа е вработена во МНР, а татко и е висок дипломат, и второ дали тој ќе ги спореше конкурсите ако ќерка му беше избрана за упатување во амбасада.

dokument_tito_danco

Се поставува и прашањето зошто кога ќерка му А.М. беше упатувана на дипломтска служба во Белград и Анкара од актуелниот министер Никола Попоски, истиот Марковски не излегуваше во јавност, а кога колеги на керќа му со исти или слични квлатети ги упатуваат на служба тој излегува во јавност и ги девалвира.

Познавачи на приликите сведочат дека со ваквото јавно критизерство Марковски се обидува да се покаже како борец против „режимот“, а со цел да ја забошоти плодната партиска соработка и со ВМРО-ДПМНЕ што му донесе блескава кариера како амбасадор.

Претходно «
Следно »