КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Пpeподобен Пахомиј Beлики

Поврзано

- Advertisement -

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 мај.

Денеска е Преподобен Пахомиј Велики.

Свети Пахомиј по род беше Египќанец, а се роди во незнабожечко семејство. Во времето на Великиот Константин служеше во неговата војска. Некаде во тоа време тој поверува во Христа и набргу, желен за подвиг, отиде во Тиваидската пустина кај познатиот подвижник Паламон. Овој го прими и го учеше на подвижнички живот 10 години. Во тоа време на Пахо¬миј му се јави ангел и му заповеди да подигне манастир, а му го даде и уставот на манастирот. Овој изгради многу келии, кои набргу се наполнија со монаси. Подоцна свети Пахомиј изгради уште шест манастири и раководеше со духовниот живот на илјадници подвижници. На многумина им беше пример во смирението, трудољубивоста и воздржувањето. Се упокои на свои 74 години, во 348 години. Свети Пахомиј се смета за основач на општожителното монаштво.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Благословена Марија Бартоломеја Бањези.

Била родена во 1514 година, во Фиренца. Слободното време го поминувала молејќи се. Тешко се разболела и останала неподвижна. Сите и се воодушевувале на нејзината храброст. Во 1547 година, и било дозволено да стапи во редот на доминиканските сестри, но и натаму да остане во својот дом, во кој ќе се моли и духовно ќе разговара со посетителите. Умрела во 1577 година.

Latest News

„Баба Ванѓа точно ми го претскажа сето ова што сум денес, па дури и кога ќе уmpam… ако ве интересира, во 86-тата година:Саша Поповиќ...

Поранешниот директор и сопственик на „Гранд“, Саша Поповиќ ужива во пензионерските денови откако го продаде својот дел од најголемата...

More Articles Like This