КАМИОНИТЕ НА ЗАЕВ ГО ЗАГАДУВААТ СКОПЈЕ: Мерките на Шилегов не важат за фирмите на Заев!

  • January 9, 2018

Иако неефективни, мерките кои Петре Шилегов ги воведе со цел намалување на аерозагадувањето се спроведуваат селективно. Не само што забраната за возење на Водно не важи за привилегираните лица блиски до власта и дипломатите, забраната за движење на тешки товарни возила во главниот град не важат и за фирми од Струмица блиски до кланот Заеви

 

На социјалните мрежи се појавија фотографии од тешки товарни возила заглавени во сообраќајниот метеж во Ново Лисиче, кои како што се тврди, се камиони на фирма блиска до Зоран Заев од Струмица, а веќе два месеци го блокираат сообраќајот во овој дел од градот и дополнително придонесуваат за загаденоста.

„Во Ново Лисиче Општина Аеродром струмички камиони веќе 2 месеци како да копаат рудник, Петре Шилегов забраната да не се гради и камиони да не се возат важи ли за на Зоран Заев камиониве, не интересира и мислењето на #ЗлаткоМарин околу загадувањево 2 месеци облаци од прашина дишеме Стоп на загадувањето Петиција – Да Го Спасиме Скопје Од Загадување Досие за Загадувачите Пријави загадувач Аеродром Аеродром ВО МОЕТО СРЦЕ Град Скопје“ – стои во објавата на ФБ страницата „Види Тука“.

Претходно револтирани граѓани на општина Аеродром ја испишаа цистерната на една струмичка фирма за превоз на нафтени деривати, изреволтирани бидејќи го узурпира паркингот на зградата.

Претходно «
Следно »