КАМПАЊАТА НА СДС И ЗАКАНИТЕ НА ЗАЕВ ПРИЧИНА ЗА ОБИДОТ ЗА УБИСТВО: Заев најавуваше пукање и јадење живи луѓе – атентат на првиот ден од преземањето на власта!

  • June 1, 2017

На првиот ден од доаѓањето на Зоран Заев и СДСМ на власт се случи атентат врз довчерашниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Денеска при влезот во Министерството за здравство 57-годишниот Љупчо Стојановски од Велес со неколку истрели од огнено оружје се обидел да го убие досегашниот министер за здравство и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров. Тодоров е надвор од животна опасност, а лицето што пукало во него е фатено.

Во последниот период врз досегашниот министер за здравство и поранешен пратеник и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров се водеше претенциозна црна кампања, која имаше цел да доведе до зголемување на револтот кај некои граѓани.

Во кампањата на СДС и медиумите под контрола на Сорос, Тодоров беше нарекуван „министер за смрт“, а оваа црна кампања изгледа ја исполни целта – на денот на мирниот трансфер на власта дојде до обид за убиство на министерот за здравство кој требаше да изврши примопредавање на министерството.

Обидот за убиство на Тодоров веќе се оценува како плод на реваншизам и подгревањето на страстите од страна на СДСМ. Ова се случува на првиот ден од пореземањето на власта од страна на оние кои постојано говореа за мирно предавање на власта. Јавноста многу добро ги памети изјавите на Заев дека ќе се пука и дека ќе јаде живи луѓе кога ќе дојде на власт.

Непосредно пред локалните избори во 2013-та година, Заев во телефонски разговор порача дека СДСМ нема да оди на избори туку дека ќе се пука во Македонија, доколку локалните избори се одржат во закажаниот период.

На партиски собир во Валандово, Заев пред своите сопартијци порача дека ќе јаде живи луѓе кога ќе дојде на власт. На истиот собир призна дека партиски вработува во општина Струмица и дека тоа како модел ќе го преслика и кога ќе дојдат на власт.

“Новиот концепт, кој сé повеќе ќе го слушате, ќе значи намалување и целосно кастрење на администрацијата, од една страна ќе значи и отворање на наши работни места, за нашите луѓе… ако сме успеале во ова време сите наши активисти да ги згрижиме со минимум барем еден член од нивното семејство, сега поминавме во фаза да ги згрижиме и нивните братучеди“- рече Заев

Истиот принцип на партизација на администрација го најави и на централно ниво.

“Ако почитувани социјалдемократи пред сé ве прашаат што со пренатрупаната државна администрација од страна на ВМРО-ДПМНЕ, да им кажете дека Заев беше во Валандово и дека рече ќе ги бркаме, ќе ги избркаме од работа и тоа да го знаат… свесни сме дека ако сакаме да бидеме власт ќе влеземе тимски од хигиеничар до министер во секој ресор од државата и така имаме намера да ја водиме Република Македонија“ – вели Заев.

https://www.youtube.com/watch?v=HCCJzf82d94

Претходно «
Следно »