КАМПАЊА НА СМК ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ: „Бојкотирам, значи не гласам“

  • September 14, 2018

Светскиот македонски конгрес (СМК) предводен од Тодор Петров ќе го бојкотира референдумот, а ќе води и кампања: „Бојкотирам, значи не гласам“. Петров вели дека легитимно право е тој граѓанин што е против референдумот и да не излезе на гласање, а ги охрабрува да не се плашат да го направат тоа. Петров вели дека пратениците ќе зеле по 2 милиона евра за да гласаат за промена на името. Но, тој тврди дека тоа нема да им успее, при што упати закана кон нив во име на македонскиот народ.

СМК поднел и приговор до ДИК за заштита на избирачкото право од корупција во јавната кампања по говорот на премиерот Зоран Заев дека фирмите ќе давале плата плус ако вработените излегле да гласаат на референдумот. Петров вели дека Заев вршел поткуп и заплашување на гласачите. Кривични пријави за несовесно работење заработиле и сите членови на ДИК.

„Очекуваме претседателот Иванов во ОН да им каже на сите преку своето обраќање дека спогодбата е ништовна и неважечка, а во ОН да бидеме исто како и досега. Поднесовме кривични пријави против премиерот и министерот за надворешни работи, 69 пратеници во Собранието на РМ, кои гласаа за договорот со Грција. До Уставниот суд поднесовме две иницијативи, односно поништување на референдумот и правнилникот за одржување на референдумот“, вели Петров, кој тврди дека поднел и пријави до членовите на ДИК поради злоупотреба на службената должност.

Тодор Петров најави дека Светскиот македонски конгрес ќе ги поддржи сите инциијативи за бојкот на референдумот, а притоа упати повик за волонтери што ќе го набљудуваат референдумот.

„Поднесовме и кривични пријави против експертите за историските прашања меѓу Македонија и Грција, во чиј состав се седум члена, на чело со амбасадорот Виктор Габер, со задача да се врши ревизија на македонската историја. Спогодбата Димитров-Коѕијас не е ратификувана во согласност со Уставот“, вели Петров.

Заев шири заблуди во јавноста, обвини Тодор Петров, а спас гледа во Уставниот суд, кој треба да донесе одлука по поднесената иницијатива за поништување на референдумот. Доколку референдумот се одржи, тие очекуваат масовен бојкот бидејќи Владата ја лажела јавноста.

Претходно «
Следно »