КАМЧЕВ НАСЛЕДНИК НА ГРУЕВСКИ: Ѓоко Камчев ќе го наследи пратеничкото место на Никола Груевски!

  • June 11, 2019

Ѓоко Камчев од Валандово ќе го наследи поранешниот македонски премиер Никола Груевски на неговото пратеничко место во Собранието. Поранешниот пратеник од претходниот состав периодот од 2014 до 2016 е следен на изборната листа во гласачкиот реон 4.

Тој веќе бил повикан на консултации во Државната изборна комисија.

Спикерот Талат Џафери решил да ја почитува праксата и како во изминатите шест случаи од овој мандат, да ја констатира и оccтавката на Груевски без негово присуство на седницата.

До пред стартот на седницата постоеше дилема дали оcтавката на Груевски од Унгарија, откако беше преведена, треба да се констатира или пак да се гласа за заклучокот за одзeмање на мандатот поради шестмесечно нeоправдано отсуство на комиисјата за мандатно имунитетни и деловнички прашања.

Претходно «
Следно »