КАНАЛ 5 И ТВ 1 ПАК СИ ГИ МЕРАТ: Казната за уредникот на Канал 5 повторно се претвори во натпреварување за рејтингот на телевизиите

  • November 29, 2018

Редакција на 1ТВ објави видео снимка на која, според очевидци, се забележува дека директорот на Канал 5, Иван Мирчевски добива казна од полицијата.

-Иако, не може директно да се забележи дека станува збор за него, сепак тој ја потврдува информацијата, закануваќи дека ако се објави видеото ќе испрати тужба. Мирчевски за 1ТВ додаде дека возел со брзина од 70 километри на час, 20 километри над дозволената брзина и нема намера за прекршокот да уплати пари во државниот буџет. Наместо тоа ќе ја однесе возачката книшка да му пишат негативни 25 поени, објави телевизијата.

1ТВ пренесува дека по објавување на веста и видео снимката, Мирчевски повторно ја контактирал нивната редакција.

-Овојпат со променета изјава дека допрва ќе одлучи на кој од двата законски начини ќе ја подмири глобата, а не пропушти ниту можност, со доза цинизам, повторно да го нападне работењето на 1ТВ, пренесува 1ТВ.

Мирчевски им одговори дека треба да пренесат како што им кажал, не пропуштајќи да им објасни колкав рејтинг имаат како телевизија.

Претходно «
Следно »