December 9, 2021, 8:07 am

Канал 5 му се налути на Забрчанец: Не им дозволија да ги снимаат Заев, Вучиќ, Рама како шетаат по Скопје 2014

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една од најгледаните македонски телевизии ја обвини владата за селективност при информирањето на јавноста и прашува дали во земјава владее цензура.

Телевизијата Канал 5 бара сериозен одговор од Владата за селекцијата на медиумите во Македонија, која се повторува неколку пати редум, почнувајќи одамна, но последниот случај беше форумот во Преспа каде во активниот, дебатен дел беа поканети само познати „ведети“ од некогашната „мегапопуларна“ 1ТВ (Сашо Ордановски и Борјан Јовановски), и новинари од неколку портали , а ниту еден од уредниците или новинарите од националните телевизии во нашата земја!

“Оваа „селекција“, изгледа се повтори и денес, затоа што нашата редакција, а веројатно и другите редакции на националните македонски ТВ станици, беше информирана лично од г-динот Забрчанец, советник на Премиерот Заев, дека нема да има можност за снимање на инсерти или евентуални изјави за време на прошетката во центарот во Скопје, заедно со градоначалникот Шилегов.

Но, изненадувањето и истовремено потврда за некоректноста на советникот Забрчанец уследи кога нотиравме дека најмалку две српски телевизии беа присутни на настанот ( Пинк и Танјуг ТВ ), како и најмалку две албански телевизии ( Њуз 24 и Коха ), кои според сите професионални стандарди, си направија соодветни видео материјали пред се заради информирање на својата јавност за овој, навистина значаен настан – дводневна економска и политичка трилатералка на Претседателот на Србија и Премиерите на Македонија и Албанија”, пипува Канал 5 во својата јавна реакција.

Телевизијата најавува дека ќе ја преиспита комуникацијата со еден од најблиските соработници на премиерот.

“Дали ова значи класична цензура на македонски медиум(и), оставаме на јавноста и центарот за комуникации при Владата да пресудат, но Канал 5 ТВ ќе ја преиспита комуникацијата со специјалниот советник за медиуми на Премиерот Заев, г-динот Забрчанец – пред се поради сопствената , македонска јавност, заради која постоиме , а не заради политичарите во Македонија, независно на која номенклатура припаѓаат!”, пишува Канал 5.

Latest News

(Видео) Гоpeше камион на „Македонија пат“, нема повpeдени

Вчера на патот Слупчане – Белановце се запалило товарно моторно возило, сопственост на „Македонија пат“ Од Министерството за внатрешни работи...

More Articles Like This