February 28, 2021, 1:24 am

Канадскиот премиер помина исто како 3aев: Руските комичари повторно Haпаднаа

Поврзано

Во бopбaтa пpoтив Koвид-19: Италија ги зaocтpи мepкитe вo пeт oд двaeceт peгиoни

Италија ги заостри ограничувањата во пет од 20-те региони на земјата во обид да го спречи ширењето на новите...

„Cпутник В“ e eфикacнa пpoтив myтaциитe, твpди Рускиот иcтpaжyвaчки цeнтap

Руската вакцина „спутник В“ покажува добри резултати против новите мутации на коронавирусот, изјави за „Ројтерс“, Денис Логунов, заменик-директор на...

Heвakциниpaнитe нeмa дa мoжaт дa пaтyвaaт вo ЕУ

Европската Унија ќе воведе дигитални сертификати за вакцинација. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека на земјите-членки...
- Advertisement -

Руските комичари Вован и Лекус нападнаа повторно, со што целта на нивната несолена шега овој пат беше канадскиот премиер Џастин Трудо, кој верувал дека разговара телефонски со активистката за климатски промени Грета Тунберг, слично како и македонскиот премиер Зоран Заев претходно.

Меѓу претходните цели на руското дуо беше токму Заев, на кого тие му се претставиле како поранешниот претседател на Украина, Петро Порошенко, и како генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во текот на нивните телефонски разговори водени минатата година. Згора тие објавија и телефонски разговор на Заев со лажната Грета Тунберг и со нејзиниот татко кој е снимен минатата година. Во него се слуша како лажната Грета го наведува Заев да зборува за Доналд Трамп и за Емануел Макрон, за спорот со името и бара од него да затвори еден од двата аеородроми поради загадувањето, со што Заев се согласува.

Потоа советникот на Заев, Марјан Забрчанец, соопшти дека разоткриле хибриден напад врз кабинетот на премиерот, при што бил злоупотребен идентитетот на младата екоактивистка Грета Тунберг.

Во интервју за српскиот весник „Политика“, руските комичари своевремено кажаа дека не очекувале оти шегата со Заев ќе биде толкава сензација во Македонија, како и дека освен македонскиот премиер, досега не успеале да лажат некој друг функционер цела година. Тие разговрарале и со Емануел Макрон, Реџеп Таип Ердоган,  Јункер, Хуан Гваидо, Мило Ѓукановиќ, Рамуш Харадинај, Борис Џонсон, Федерика Могерини…Владимир Кузнецов и Алексеј Столјаров, кои се нарекуваат Вован и Лексус, неделава ја објавија аудио-снимката од телефонскиот разговор во кој тие го советуваат Трудо за светската политика и бараат прилика да се сретнат со дел од ликовите од анимираната серија „Саут парк“ (веројатно се мисли на оние од Канада – н.з.), при што измамата се разоткрива.

За време на 10-минутниот разговор, трета личност која ја глуми Тунберг, му кажува на Трудо дека е загрижена за „растечката меѓународна криза и дека очекување на светска војна“, со што канадскиот премиер се согласува. Телефонскиот разговор се случил во јануари, неколку дена откако иранската влада собори украински патнички авион при што загинаа 176 луѓе. Во одреден момент лажната Грета го прекинува Трудо и бара од него Канада „да го напушти НАТО и да го отфрли оружјето, да бере цвеќиња и да се смее во природа“.

Лажната Грета потоа ја обвинува и Меган Маркл за „манипулирање“ со принцот Хари, пред да побара од Трудо да ја запознае со Теренс и Филип, ликовите од „Саут парк“, по што тој љубезно да го прекине разговорот, кога веројатно ја разоткрил измамата.

Latest News

Во бopбaтa пpoтив Koвид-19: Италија ги зaocтpи мepкитe вo пeт oд двaeceт peгиoни

Италија ги заостри ограничувањата во пет од 20-те региони на земјата во обид да го спречи ширењето на новите...

More Articles Like This