КАНДИДИРАН ЗА НОБЕЛ, А KAHИБAЛ: Мицкоски досега не видел човек кандидиран за Нобелова награда кој изјавил дека ќе „jaдe живи луѓe“

  • December 23, 2018

Не сум видел Нобеловец, ниту слушнал кој се претставува за миротворец, а јавно кажува дека ќе јаде живи луѓе и тепа луѓе што ќе го критикуваат него или неговото семејство за погрешните политики кои ги водат и пљачката која и ја прават на татковината. Не сум видел Нобеловец, а кој толку многу црнила направил за својата земја, истакна Мицкоски на денешната 27. годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека не видел Нобеловец до сега кој на видео се гледа таму пикнат во затемната и полузадимена канцеларија да бара мито од 200 илјади евра, и разработува шема како да се одвива авантата по принципот на Мирчо Свињарнико.

–И еве гледам деновиве, го пуштија еден нивен коалиционен партнер и еден поранешен амбасадор кој иако сега ректор меѓу луѓето е познат по неформалните разговори дека повеќе му одело како трговец со дипломатски недвижности, и овие тргнале по регионот да го промовират Заев во кандидат за нобелова награда. Значи спроведуваат операција со која сакаат да направат хуманизација на човек кој прави нехумани дела. Ова само ја потврдува пакоста која и ја прават на државата па тргнале Заев да го промовираат во миротворец.Не оди тоа така. Всушност имаме две слики, една розева пред камерите, разубавена со државните пари и тргувањето со влијание кои го прават владините структури, каде имаме лик како оној понизниот чирак од Македонските народни приказни кој има слух за се, подголтнува, попушта и мед му тече од устата, а втората е онаа реалната и се вика држава потоната во сиромаштија, криминал и корупција, истакна Мицкоски.

Претходно «
Следно »