КАНЧЕВСКА МИЛЕВСКА НА КООРДИНАЦИЈА КАЈ ЏАФЕРИ: И официјално таа е координатор на новата пратеничка група

  • October 29, 2018

Осумте пратеници од опозицијата и кои гласаа за отпочнување на процесот за промена на уставното името спротивно на волјата на народот минатиот петок, поднеле официјално барање до Талат Џафери за формирање на нова пратеничка група „Независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Џафери ги информирал сите пратеници за новата пратеничка група, која со работа, треба да почне од наредниот понеделник, брифираат од кабинетот на Џафери.

„Денес пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа на координацијата. Веројатно, во текот на денот претседателот ќе има посебна средба со координаторот Драган Данев. Исто така, се очекува посебна средба да има и со координаторката Елизабета Канчевска-Милевска“, се вели во соопштението од кабинетот на Џафери.

Утрово координација имале координаторите на пратеничките групи од СДСМ, ДУИ и БЕСА.

Претходно «
Следно »