Канческа- Милевска се правда дека не е предавник

  • January 11, 2019

Откако Зоран Заев на собраниската седница за уставните амандмани рече дека не е прифатлив предлог амандманот на независната пратеничка група , Елизабета Кначеска Милевска во реплика од говорницата наместо да го образложи амандманот се правдаше дека таа и останатите седум пратеници не се предавници. Таа упати и критики до ВМРО-ДПМНЕ.

Таа им порача на ВМРО-ДПМНЕ дека таа и останатите седум пратеници не се чувствувале како предавници во ниту еден момент.

Убедена сум, додаде таа, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги сфати своите грешки.

Амандманот на независната пратеничка група се однесува називот Северна Македонија да се употребува само за меѓународна употреба. Пратениците не го изгласаа.А целата независна пратеничка група и Панчо Минов си ги изгласаа сите до сега предложени амандмани и промени на Уставот на РМ.

Претходно «
Следно »