НОВА БOMБА ЗА „КАПО ДИ ТУТИ КАПИ“: Боки, Кики, Фрики, Коки, Шеки биле пипците на октоподот – главата е на „Илинденска бб“

  • August 11, 2019

Случајот Рекет ја тресе Република Македонија. Станува збор за најголемата криминална афера во поновата македонската историја, а сите инволвирани ги поврзува еден човек, Зоран Заев. Jавноста беше шокирана кога во еден ден на граничниот премин со Грција беше приведен Бојан Јовановски, попознат како Боки 13-ка и оставка даде специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Потоа следуваше една недела на апсолутен молк, кој прекина во моментот кога италијанскиот весник Ла Верита изминатата недела започна да ги детонира бомбите за случајот Рекет.

Бомбите на “Ла Верита” ја потврдија инволвираноста на Јанева во Рекет, а во ушите на македонските граѓани се уште одекнуваат зборовите ,,Се ќе биде ок”, на Јанева упатени кон обвинетиот Орце Камчев во случајот на СЈО, Империја. Нејзиното име редовно се споменува во разговорите помеѓу првоосомничениот Бојано Јовановски и рекетираниот Орце Камчев.

Сепак ниту Заев не беше поштеден, па граѓаните вчера слушнаа како Боки 13 вели дека ќе го менаџира Заев за ослободувањето од обвинение на Камчев, а и констатацијата на бизнисменот кој кога се споменува името на Заев, посочува дека Јовановски играта ја игра за него.

Со вчерашната бомба за прв пат директно се поврзува Заев со аферата рекет. Според шпекулациите во јавноста милионте евра рекет кој се гледаат на снимката како Боки 13 ги зема од Камчев завршиле директно во паркингот на владата, поради тоа што во Луи Витон торбата полна со кеш бил поставен уред за следење. Ова е уште еден податок кој го поврзува Заев директно со аферата.

Српските медиуми упорно во аферата го вмешуваат и најплатениот советник на Зоран Заев, србинот Зоран Башановиќ.

Во еден од разговорите објавени од Ла Верита, Боки споменува дека му помага извесен Зоки, станува збор за Зоран Башановиќ, анализира „Ало.“

Сепак тоа не е се, рекетарот Боки 13 или како што вели Камчев играчот на Заев важи за исклучително близок до низа високи функционери на СДСМ кои ги спојува невладината организација на Јовановски, Меѓународен Сојуз Скопје. Јовановски десетици фотографии со Фросина Ременски, Костадин Костадинов, Стефан Богоев, Александар Кирацовски и низа други функционери.

Во сојузот членови се Фросина Ременски, Костадин Костадинов таткото на градоначалникот на Карпош од Редовите на СДСМ, Стефан Богоев, заменик градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи, Ѓорѓи Галетановски директорот на скопската Зоолошка градина како и советникот на Заев, Зоран Стаменковски кој воедно е вработен во Кривичниот суд. Клучна е јатрвата на Радмила Шекеринска, Марија Јанковска која е основач на невладината и поседува неколку фирми. Се претпоставува дека сите овие луѓе кои важат се блиски до Заев се дел од организацијата како контролен механизам на главата на октоподот.

Јовановски покрај рекетот се товари и за перење пари поради што се шпекулира дека токму неговата невладина служела за перење на милионските суми земени од рекетот. Тука на сцена стапува Јасна Мандиќ која е потпретседател на невладината организација, која пак е директор на БМЈ Медиа Груп во чија сопственост е 1 ТВ каде како косопственик фирурира и таткото на Боки 13. На Мандиќ е потврдено дека и се исплатени 228 илјади евра за авторски договор поврзан со проект на невладината Меѓународен Сојуз.

Како што е познато, Меѓународен сојуз склучил такви авторски договори со градежните компании „Пелистер“ на Силјан Мицевски и „Дрим билдинг“ на Адријан Амзоски, зет на Фиат Цаноски кој е исклучително близок со Зоран Заев. Боки 13 презел невозможни обврски да обезбедува парцели и дозволи за градба, за што двете компании, наместо да префрлат пари на сметка на невладината организација (ако веќе така било договорено во спорните договори), тие на луѓе од Меѓународен сојуз (Лилјана Тодоровска и Јасна Мандик) им исплатле авторски хонорари. Така, „Пелистер“ на Лилјана Тодоровска ѝ исплатил хонорар од 720.000 евра, а „Дрим Билдинг“ на Мандиќ 228.000 евра. Тодоровска изјави дека ги подигнала парите, но дека луѓето од Меѓународен сојуз веднаш ѝ ги зеле. Мицевски важи за близок до СДСМ и поранешниот генерален секретар на партијата, Александар Кирацовски, токму бизнисменот е градоначалник од редовите на СДСМ во Битола за време на аферата ТАТ.

Јасна Мандиќ, жената која добивала стотици илјади евра врз основа на авторски договори била и дел од владиното тело формирано од Генералниот секретаријат на владата за соработка со невладиниот сектор во Македонија. Освен потпретседател на Меѓународниот Сојуз на Боки13, основач на БМЈ Медиа Груп и управител на „1ТВ“ Мандиќ е и сопственик на хотел во соседна Р.Грција.

10 дена пред апсењето на Бојан Јовановски, Јасна Мандиќ своите два стана нотарски ги префрла на нејзините два сина. Според српскиот весник „Ало.рс“ дел од изрекетираните пари биле перени и преку патувања, за кои свиркачот за „Инфомакс“ вели дека трансакциите се правени преку хотелот на Мандиќ.

Во хотелот „Ал Маре“ во Полихроно чести гости биле Боки 13, Лила Филиповска, Агапи Дика но и низа на членови на Меѓународниот сојуз и блиски соработници на Зоран Заев. Според информациите на „Инфомакс“ Катица Јанева во моментов се наоѓа токму во овој хотел, а при нашиот обид да стапиме во контакт со обвинителката во хотелот, оттаму на Македонски јазик дрско ни објаснија дека тие не можеле да не поврзат со Јанева.

 

Синот на Катица Јанева пак, Лазар Јанев е вработен во телевизијата каде неформален сопственик е Боки 13, а при претресот во телевизијата дента кога беше уапсен Јовановски, беше одземен компјутерoт од синот на јавната обвинителка. Лазар Јанев е и единствениот вработен во „БМЈ Медиа Груп“ заедно со таткото на Боки 13, каде основач е Јасна Мандиќ. Се верува дека Лазар Јанев на Катица и служел како контролен механизам во активностите за рекетирање на бизнисмените.

Во шемата, според информации на свиркачи е вклучена и јатрвата на Радмила Шекеринска, Марија Јанковска. Јанковска снаа за брат на Божидар Јанковски е сопственичка на три фирми во Скопје – „Мак Тенис ПРО“ (балони и кафуле во дворот на средното училиште „Георги Димитров), „Цајс Монокол“, „МА ПЕ МА ДОО“. На социјалните мрежи претходно се појави тврдење дека во кафулето на Јанковска, нејзината јатрва Шекеринска славела роденден на кој добила подарок чевли „Кристијан Лобутин“ токму од Бојан Јовановски. Информацијата ќе ја проверуваат во Антикорупциската комисија. Другата компанија на Јанковска пак, „Цајс Монокл“ пак е една од фирмите кои се рекламираа на „1ТВ“. Марија е и основач на „Меѓународнио сојуз“. Според свиркачот, овие фирми се користеле за оправдување на парите од рекетот.

Симптоматичен е и фактот што невладината на Боки 13-ка склучи меморандуми за соработка токму за изградба на домови за стари лица во Битола, Карпош и Куманово, градови во кои градоначалниците се од редовите на СДСМ, а Стефан Богоев, градоначалникот на Карпош и Наташа Петровска, градоначалничката на Битола само пред една недела беа повикани во обвинителството. Ликовите „Кики“, „Фрики“ и „Коки“ пренесува нашиот свиркач се луѓето кои служеле за линк помеѓу Боки 13 и градоначалниците. Од овие, „Коки“ служел како гласник на Заев и контролен механизам во разговорите.

Агапи Дика пак, сестра на судијката Мери Дика често можеше да се види на скапи патувања со Бојан Јовановски и неговата мајка. Агапи од владата беше назначена за член на  Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер, на личен предлог на Александар Кирацоски, објаснува нашиот свиркач.

Освен овие, во Меѓународниот сојуз на Боки13 член бил и синот на Лила Филиповска, Филип Филиповски. Според свиркачот, освен преку реклами, градежни договори кои никогаш не се исполниле, дел од парите биле „перени“ и преку трошоци за уметнички дела, скапа брендирана гардероба и накит, кои потоа биле препродавани во странство. Ваквата информација ја пренесе и српскиот весник „Ало“.

Ова е само прв дел од т.н. октопод преку кој биле рекетирани бизнисмени и биле перени парите. Ништо од ова не би можело да се случува без знаење на Зоран Заев и/или Радмила Шекеринска.

Продолжува…..

 

А.Митовски

Претходно «
Следно »