КАРАКАМИШЕВА: Арам да Ви е дадената заклетва

  • March 11, 2018

Професорката Тања Каракамишева на својот Фејсбук профил реагира на информациите објвени во јавноста дека мнозинството ќе го испочитува рокот на собранискиот претседател Талат Џафери за Законот за јазиците и доколку нема договор за него со опозицијата, ќе го гласа онака како што Џафери ќе го предложи, макар и без амандманска расправа.

Се амнестираат дека одлуката за отфрлањето на амандманите ќе биде на собранискиот спикер и дека Џафери е единствен надлежен за тоа.

Велат викендов и евентуално во понеделник се очекува уште еден последен обид за наоѓање решение со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Не прецизираат кое би било решението, но велат најелегантно за сите би било доколку опозиционерите не дојдат на седницата. Официјално не сакаат да коментираат, велат остануваат на ставот дека се дава шанса за политичкиот дијалог.

Каракамишева на ова пишува:

Пратеници од СДС, вас ве прашувам за последен пат, искрено кажете им и признајте им на сите Македонци, што навистина ви е поважно? Што навистина повеќе ви е важно, ако воопшто го знаете значењето на фразата “нешто да ти значи”, “нешто да ти е свето и вредно”? Унитарна Македонија со европска демократија каква што имаат сите западни држави и земји-членки на ЕУ кога станува збор за малцинските права, и какви што малцински права и демократија уживаа(т) сите наши етнички малцинства, дури и многу повеќе од европските стандарди, или ви е поважно да создадете федерализирана, бинационална Македонија која ниту во еден дел повеќе нема да наликува на унитарната држава за која се бореле нашите претци и во која Македонија сите малцинства уживаат и повеќе од меѓународно дозволените права? Што ви е бре поважно? Коалицијата и власта со ДУИ, кожените фотељи на кои се вртите мислејќи дека сте богови паднати на теме, високите плати и патните трошоци што ги земате возејќи се натаму наваму, раскрчмувањето на државата во секој поглед, енормната задолженост што им ја оставате на нашите деца да ја плаќаат, корупцијата и непотизмот во секоја општествена пора, на секое работно место, укинувањето на се што видовте, рушењето на се што допревте, побугарчувањето на Македонците, продавањето на името, остварувањето на планот на Села за делење на државата, што вие е бре најважно? Ако навистина излезат вистинити пишувањата дека сте потклекнале пред ДУИ да се донесе неуставниот закон за јазици без амандманска расправа, и дека сте прифатиле само да се гласа законот во истата форма како што беше донесен и претходно, тогаш поарно за сите вас топтан како пратеничка група да си ставите крст на демократијата во која се колневте кога ги шлакавте институциите и спомениците во градот, да си ставите крст на “животот” во кој се колневте дека ќе ни го донесете, да си ставите крст на владеењето на правото, бидејќи вие бре сите до еден сте биле тешки манипулатори, тешки преваранти, ништожници, калкуланти и гробари на сопствената држава. Вие бре не заслужувате да одите по тлото на нашата земја, не ја заслужувате Македонија, затоа што ја предадовте за една обична власт! Нека ви е арам дадената заклетва дека ќе го почитувате и штитите Македонскиот Устав! Нека ви се арам парите и фотељите! Предавството на Татковината остава без сон! Ако го спроведете пеколниот план за разнебитување на нашата Татковина, тогаш вие си знаете каде е најдобро да си се упатите!

Претходно «
Следно »