December 8, 2021, 11:43 pm

Каракачанов: Бугарија нема намера да си плука по лицето поради некои мегаломани од Северна Македонија кои инсистираат да влезат во ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжуваат навредите на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов. Овој пат, тој рече дека Бугарија нема намера да направи компромис, бидејќи некои мегаломани од Македонија инсистираат да влезат во Европската унија.

„Никој не им го порекнува правото на идентитет, но нека ја кажат само вистината. Не можам да разберам зошто во Бугарија се смета за нормално да се поддржува земјата во која не нарекуваат Татари и Цигани. Зарем не е понормално некоја земја што аплицира во Европската унија да се придржува до некои нормални европски принципи? Кој треба да се придржува – земјата-членка или земјата тропа на вратата? Ако некој замисли дека компромисот ќе произлезе од фактот дека Бугарија ќе плукне по лицето, бидејќи некои мегаломани од Северна Македонија мора да влезат во Европската унија, би рекол дека не треба, не е потребно“, беше категоричен Каракачанов.

Каракачанов додаде дека 84% од Бугарите ја поддржуваат позицијата на ИМРО за Македонија додавајќи дека тоа е државен став со кој Бугарија не треба да прави компромис: правата на Бугарите во Македонија, нивниот национален идентитет и
нејзината историја.

Како што мудро вели бугарскиот народ, и оваа поговорка е присутна и во Македонија – затоа што ние сме еден народ, зборуваме ист јазик, имаме исти поговорки – „Ни Бог не може да ти го направи она што самиот ќе си го направиш“. Она што Скопје го прави против себе, никој не може да го направи, парафразираше тој.

Latest News

Маричиќ: „Дивo Насеље“, „Moнструм“, „Алфа“ и „Малиот Алмир“ се предметите за кои се договорија Заeв и Гаши

„Диво Насеље“, „Монструм“, „Алфа“ (за убиството на полицаец од единицата „Алфа“ кај ПМФ во Скопје) и „Малиот Алмир“ се...

More Articles Like This