КАРАКАЧАНОВ ОБЈАСНИ ШТО ПОТПИШАВМЕ: Иднината на Македонија е или во голема Албанија или во голема Бугарија

  • August 5, 2017
  • Коментари

Бугарскиот колега на Радмила Шекеринска националистот Красимир Каракачанов не се стеснува и среде Скопје да ги нагласи иреденстистички ставови и уште еднаш да нагласи дека Бугарија го сфаќа добрососедството во контекст на сонот за санстефанска Бугарија. Старите скопјани се едни од првите бугарски борци и бунтовници кои барале бугарска богослужба и бугарски училишта, убеден е министерот за одбрана на Република Бугарија и лидер на националистичката ВМРО-БНД Красимир Каракачанов.

Утрото на 2 Август пред да положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во изјава за бугарската телевизија Нова, Каракачанов изјави дека „104 години Македонија е одделена од бугарската култура“ иако „Скопје е  првиот град во бугарските земји во кој започнуваат бунтовите против грчката црква со барање/желба за создавање на бугарска црква“.

– Македонија веќе 104 години е одделена по секој начин од бугарската култура, од бугарското образование, затоа што после 1912 година кога Србите почнуваат да владеат со овој дел од Македонија, сите бугарски училишта се затворени, сите бугарски цркви се затворени, бугарските владици и свештеници се прогонети во Бугарија или се убиени, вели Каракачанов.

– Се наоѓаме во град Скопје, тоа е првиот град во бугарските земји во кој започнуваат бунтовите против грчката црква со барање/желба за создавање на бугарска црква. Градот Скопје е првиот град во кој локалното бугарско население се дига на бунт против грчкиот владика и бара во црквите да се служи на бугарски јазик, да има бугарски училишта, ова е во првата четвртина на 19 век. Така што, историјата е јасна, кој сака да ја прочита ќе ја научи, кој не сака – нема да ја научи никогаш.


За заедничката историја Каракачанов вели дека Бугарија и Македонија нема што да делат кога е во прашање историјата, бидејќи и Илинденското востание и Гоце Делчев и Даме Груев биле Бугари, па така немало која историја да се дели. Тој најави дека комисијата за утврдување на заедничката историја ќе ги менува учебниците. За него иднината на Македонија е или во голема Албанија или во голема Бугарија.

Ставовите на Каракачанов ѝ се добро познати на македонската јавност. Овојпат, тие се и многу опасни, бидејќи доаѓаат од позиција министер за одбрана, со што се официјални ставови на бугарската политика.

Претходно «
Следно »