March 28, 2024, 12:02 pm

КАРАКАЧАНОВ СО НОВА ПРОВОКАЦИЈА: 70 години им се перени мозоците, учат лажна историја, кога ќе видам дека тоа е сменето ќе поверувам дека работите се на прав пат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако Македонија сака да биде полноправна членка на НАТО и ЕУ треба да ги почитува обврските што ги презеде и кон Бугарија и кон Грција. Ова го изјави вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов за утринскиот блок на Мароко на ФОКУС Радио.

Тој додаде дека Договорот за добрососедство со нашата земја и, соодветно, со Грција вклучува и негирање на иpeдентизмот и крај на фалсификување на бугарската историја. Каракачанов додаде дека, кога во македонските книги по историја ќе ја види вистинската историја на Македонија, а не фалсификуваната со која 70 години ,,им се перени мозоците”, ќе биде убеден дека работите одат во вистинска насока.

„Македонија брза да се приклучи кон НАТО, бидејќи, како и многу бугарски политичари пред 20 години, верува дека кога ќе влезеш во НАТО речиси автоматски ќе ти се реашт сите проблеми. Влегувањето во НАТО е можност за решавање на проблемите, но без твое учество и подготвеност, нема друг може да ти ги реши – ниту Брисел, ниту генерален секретар на НАТО, ниту која било друга земја-членка, вклучувајќи ја и Бугарија“, вели Каракачанов како што пренесува бугарски „Фокус“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This