КАРАМБОЛ НА ПАТОТ ГОСТИВАР – КИЧЕВО: Четири автомобили во верижен судир, има повредени!

  • August 28, 2016

Пет лица се повредени во верижен судир што се случи вечерва на автопатот Гостивар –Кичево, загинати нема, објави 24 Вести.

policijanoke1
Судирот предизвика километарски колони и чекање повеќе од еден час.

Од МВР велат дека во сообраќајката која се случила околу 19 часот учествувале 4 возила.

Повредените итно се префрлени во гостиварската болница од каде по извршените прегледи се пуштени на домашно лекување.

Претходно «
Следно »