КАРЕВИ PEВОЛТИРАНИ: Бараат Никола Карев да биде вратен во химната

  • August 2, 2019
  • Коментари

За промената на саатницата на полагањето на цвеќе на гробот на Никола Карев, не биле информирани ниту неговите потомци, правнуците на Карев, кои беа peволтирани од овој чин и истакнаа дека не се согласуваат со ваквиот потег на власта. Тие велат, дека нивниот дедо бил чист Македонец кој се борел за Македонија исто како и останатите илинденци. Побараа да се разгледа нивното барање, нивниот прадедо Никола Карев да биде вратен во химната на Македонија.

Ова се изјавите на тројцата правнуци на Карев за Сител ТВ.

-Имаше покана во 9 часот да присуствуваме сите тука, а тие дојдоа предвреме и заминаа и не не поканија да дојдеме и групно да го славиме денот денешен.

-Ние со Бугарија добри комшии сме и со Србија и со Грција, но ние сме Македонци и за оваа Македонија народ и партизани гинеле за македонското име.

-По која основа и незаслуга е исфрлен Никола Карев од химната. Бараме во најскоро време да ни одговори некој од историчарите во Македонија или некој од МАНУ. До ден денес не добивме никаков одговор.

Претходно «
Следно »