КАРЛЕУША ТРГНАЛА НА ПАТ ЗА ДУБАИ:Друштво и прави големо плишано мече!

  • February 3, 2019

Јелена Карлеуша се врати на настапи и промоција на својата нова песна, но времето поминато во Србија реши да го симне на минимум. Само што се вратила од Западна Европа, таа тргнала на пат за Дубаи.
Во релаксирано издание и розови тренери, Јелена уживаше во летот, со филмот “Боемска рапсодија”. Дивата, каде и да оди, ужива луксуз, а очилата станаа нејзини неизостанат детал од кои таа не се разделува. Претходно, тоа беше нејзин тренд, а сега се чини дека е одличен начин за прикривање на нејзините очи, односно подочниците. Несомнено е дека сè што и се случило ја потресе земјата под нозете на Карлеуша.
Јелена на патот тргнала со големо плишано мече,а дали е тоа подарок за нејзиниот сопруг,останува да видиме.

Претходно «
Следно »