Катарина Ивановска во Израел за поддршка на Тамара додека се шпекулира дека повторно е бремена

  • May 17, 2019

Катарина Ивановска отпатува во Израел за да ѝ ја даде својата поддршка на Тамара Тодевска. 30-годишниот македонски модел сподели фотографии од разгледувањето на Тел Авив и Ерусалим.

Изминатиот период се јавија шпекулации дека Катарина е бремена со второ дете. Убавата манекенка сѐ уште нема дадено свој коментар за овие гласини.


Ивановска и нејзиниот партнер Цобе се родители и на малиот Вања.

Катарина вечерва ќе ја бодри Тамара, која со песната „Proud“ ќе се бори за влез во финалето.

Претходно «
Следно »