September 30, 2020, 1:15 am

КАТИМЕРИНИ: Грчката опозиција прави се а да се одолговлечи гласањето за Договорот од Преспа

Поврзано

(Фото) Здравството пред кoлaпс: Главната сестра на Инфekтивна клиника, и уште 2 сестри даваат отkaз

Главната сестра на Инфективна клиника, и уште 2 одделенски сестри даваат откaз во еден акт. Причините ќе оставам да...

91 основно и 33 средни училишта одбиeни за настава со физичко присуство

Владата денеска го усвои извештајот на Комисијата за давање согласности за организирање настава со физичко присуство во училиштата за...

Клacтер на Институтот за рaдиологија?: Рентген техничар одел на работа со симптоми на koвид-19

Рентген техничар на Институтот за рaдиологија (рeнтген институт) е позитивен на кopoнавирус. Според првичните информации, тој доаѓал три дена...
- Advertisement -

На расправата за ратификација на Договорот од Преспа пријавени за збор се 205 од 300 пратеници колку што брои грчкиот Парламент, а обраќање ќе имаат и координаторите на партиите, министрите во Владата и лидерите на политичките партии, така што претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис најави дека дискусијата наместо предвидените 28, може да трае и над 32 часа, доколку не се случи нешто непредвидено, но додаде дека нема промена на одлуката гласањето да биде утре вечер, јави дописничката на МИА од Атина.

– Одлуката е утревечер да биде гласањето. Ова е одлуката и ја кажувам директно. Но, бидејќи од вчера и сите го знаеме тоа, се споменуваат различни сценарија за тоа што може да се случи во меѓувреме во текот на процесот, дали за предлози за недоверба или други работи. Што е до мене во никој случај, освен ако нема друга интервенција, нема причина гласањето да не биде утре вечер во било кое време, рече Вуцис и објасни дека расправата денеска може да трае и до 01-01:30 часот по полноќ.

Уште од понеделникот напладне, откако и официјално беше соопштено дека започнува процесот на ратификација на Договорот од Преспа, во новинарските кругови во грчкиот Парламент се појави шпекулација дека опозициската „Нова демократија“ можно е да поднесе иницијатива за гласање недоверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина. Информацијата, тогаш не беше потврдена, ниту пак демантирана од членови на грчката опозициска партија, а вчеравечер и рано утрово кулминираа сценаријата, особено по изјавата на Мицотакис од Солун дека Нова демократија ќе направи сѐ што може за да не се ратификува Договорот од Преспа.

Евентуалната иницијатива за гласање недоверба на Владата би ја поддржале и лидерите на Река и Независни Грци, Ставрос Теодоракис, односно Панос Каменос.

Според грчкиот Устав и Деловникот на Парламентот, пренесува МИА, доколку биде донесен предлог за гласање недоверба, тогаш расправата што е во тек се прекинува и во рок од 48 часа, парламентот треба да го започне процесот за гласање недоверба кој трае максимум три дена и завршува со гласање. Потоа, ќе продолжи расправата што претходно беше прекината, односно расправата за ратификацијата на Договорот од Преспа.

Со ова, само би се одложило гласањето за ратификацијата, кое наместо утревечер, би се одржало најдоцна во понеделник, во зависност од тоа кога би била доставена иницијативата и кога би започнала расправата за недоверба

Latest News

„Година повеќе, но и мудрост повеќе“: Мицкоски го прослави својот 43 роденден

рестедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва објави фотографија со торта на социјалните мрежи, по повод неговиот 43-ти роденден. „Година повеќе,...

Коронавирусот мутира и станува сѐ поотпорен на мерките за заштита

Новиот коронавирус мутирал од првичната нишка и сега се смета за позаразен, според научниците од Методистичката Болница во Хјустон. Студијата, која се уште не е...

Колапс во индустријата: Пaд од 9 отсто на индустриското производство во август

Индустриското производство во август годинава во однос на август лани бележи пад од 9,1 отсто, а во периодот јануари ‒ август 2020 година, во...

МК „хотел Мериот“, Телма и Заев – тоа е коалицијата

Во интервју кое на социјалните мрежи на големо се коментираше поради непрофесионалноста на водителот, еден долгогодишен новинар постави лош пример како за неполн час...

Поради дефekт дел од Центар ќе остане без вода

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека утре поради дeфект на затварач ф 80 мм., на ул.Филип Втори Македонски ББ (карши Жена Парк), прeкинато...

More Articles Like This