КАТИЦА НЕ САКАЛА ДА ГИ ДАДЕ ТЕЛЕФОНИТЕ: Катица едниот телефон го дала, за другиот рекла дека го изгубила

  • July 15, 2019

Обвинителството за организиран криминал од специјалната обвинителка Катица Јанева ги побарало нејзините телефони во врска со истрагата во која Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец беа уапсени за примање поткуп и перење пари, објави САКАМДАКАЖАМ.МК. Според порталот, кој се повикувана извори од обвинителството, Катица Јанева не е под истрага и не ѝ бил вршен претрес.

А1 он пак објави дека по налог од Обвинителството за организиран криминал, полицијата врши претрес кај Јанева. И биле побарани мобилните телефони кои треба да бидат дадени на вештачење. Но Катица изјавила дека едниот телефон го изгубила.

Претходно «
Следно »