КАТИЦА ФАТЕНА ВО НОВА ЛАГА: Нема пријава за никакви закани

  • September 22, 2016

Измислици и манипулации со кои Специјалната обвинителка треба да биде претставена како жртва, со што би требала да добие барем некакви симпатии од јавноста.

katica_rezilot-cel

Вака експерти го толкуваат скандалозниот настап на Катица Јанева на македонската телевизија. Според нив, недолично и срамно за фелата е еден јавен обвинител кој треба да работи исклучиво согласно закон, да се расфрла со излитени политички флоскули напишани во некој центар.

КУРИР се обиде да добие одговор од СЈО кој ѝ се заканувал на Катица Јанева или на некој од членовите на нејзиниот тим, но од СЈО нема одговор. КУРИР се обиде да добие одговор и од министерството за внатрешни работи кога Катица Јанева пријавила некакви закани, но од МВР велат дека таков случај не е пријавен, ниту се преземаат мерки против некое лице.

КУРИР се уште очекува објаснување од СЈО во врска со изречените наводи од страна на Катица Јанева. Специјалната обвинителка е избран функционер и ѝ должи одговори или извинувања на јавноста.

-Би било нескромно и несериозно ако кажам дека нема притисоци и суптилни закани, изјави Јанева во скандалозното интервју.

Претходно «
Следно »