October 27, 2021, 8:54 pm

Кацаров: Бугарија се подготвува да донира 51.000 дози вакцини против Ковид-19 за Република Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот министер за здравство Стојчо Кацаров денеска истакна дека Бугарија се подготвува да донира 51.000 дози вакцини за Република Македонија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Кацаров, Бугарија досега донирала 172.000 дози вакцини за Кралството Бутан и 50.000 дози на Босна и Херцеговина, а се подготвува да продаде 100.000 дози на Кралството Норвешка и 546.000 дози на Португалија.
Пред Националното собрание, бугарскиот министер за здравство рече дека официјална Софија презела чекори за купување сосема нова австриска вакцина, која се уште чека одобрување за употреба.
– Развиена е врз основа на умртвен вирус, додаде Кацаров.
Бугарија аплицираше за вкупно 13.909.963 дози вакцини за 2021 година, од кои 1.183.200 дози се испорачани до 10 август.
Кацаров увери дека на населението во Бугарија му се обезбедува доволен број лекови против Ковид-19 до крајот на годината, како и за 2022-2023 година и затоа Бугарија може да си дозволи да донира и продаде одредени количини за да не истече нивниот датум и тие не треба да се уништат.
Неодамна, Кацаров за Бугарското национално радио изјави дека над два милиони бугарски државјани се вакцинирани со првата доза, а нешто повеќе од милион граѓани ја примиле втората доза

Latest News

Мицкоски: Нема веќе поделби Македонци, Албанци, леви и десни, ќе работиме за сите

„Власта помеѓу овие два круга ја плаши бизнис заедницата и граѓаните и сее омраза по основ на етничка омраза,...

More Articles Like This