КИМ ЈОНГ УН НЕ МУ ПОПУШТА НА ТРАМП: Доминацијата на Вашингтон одамна завршена, Северна Кореја ги отфрли сите барања

  • March 3, 2018

Северна Кореја е подготвена да разговара со САД, но ги отфрла сите предуслови и барања на Вашингтон дека мора пред сѐ да покаже волја за денуклеаризација.

Портпарол на севернокорејското Министерство за надворешни работи денеска изјави дека Пјонгјанг нема да ги прифати предусловите за дијалог.

„Во децениските разговори меѓу Северна Кореја и САД нема ни еден случај кога со САД сме разговарале под какви било предуслови и така и ќе остане. Односот на Америка откако изразивме намера за разговори нѐ наведува на помислата дека САД не се заинтересирани за продолжување на дијалогот“, рече портпаролот.

Тој додаде дека „доследната и принципиелна“ позиција на Северна Кореја е „да решава спорови дипломатски и мирно по пат на дијалог и преговори“.

„Дијалогот кој го сакаме има за цел да разговараме и да ги решиме прашањата од заеднички интерес како две рамноправни држави“, пренесе портпаролот.

На свеченото затворање на Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг, Јужна Кореја, кабинетот на претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин соопшти дека севернокорејскиот претставник на ЗОИ рекол дека неговата земја има волја да разговара со претседателот на САД Доналд Трамп кој одговори дека може да се разговара „само под одредени услови“.

Ставот на владата на Трамп е дека Северна Кореја на Ким Џонг Ун мора да покаже дека е посветена на ставање крај на сите нуклеарни и ракетни програми пред да се почнат какви било разговори.

САД веќе имаат наметнато низа санкции на Северна Кореја во рамките на т.н. „кампања на максимален притисок“, за да го натераат Пјонгјанг да се разоружа.

Претходно «
Следно »