КИМ ЈОНГ УН ПЛАНИРА УДАР НА ОСТРОВОТ ГВАМ: До средината на август, Северна Кореја ќе има план за лансирање ракети на американскиот остров Гвам!

  • August 10, 2017

Северна Кореја до средината на август ќе разработи план за лансирање на четири ракети со среден домет во водите околу американскиот остров Гвам, во западен Пацифик, а конечната одлука за тоа ќе ја донесе лидерот на земјата Ким Јонг Ун, јавуаат севернокорејските државни медиуми

Ракетите кои Корејската народна армија планира да ги лансира би требало да прелетаат преку јапонската префектура Шимане, Хирошима и Кочи и да летаат со брзина од 3.356,7 километри на час. Планирано е ударот да го изврашат на 30 до 40 километри од Гвам.

„Планот ќе биде детано анализиран и наскоро ќе му биде предаден на Ким Јонг Ун“, додаваат медиумите.

Севернокорејската државна агенција исто така оцнува дека неодамнешните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп за употреба на сила против Пјонгјанг е „куп бесмислици“, со предупредување дека тој го разбира само јазикот на апсолутна сила.

„Здраворазумски дијалог со неразумен човек не е возможен, само апсолутна сила може да влијае на тоа“, заклучуваат тамошните медиуми.

Претходно «
Следно »