КИНА ЌЕ ГРАДИ НУКЛЕАРКА ВО МАКЕДОНИЈА: „Патот на Свилата“ ќе поминува низ Македонија – потврдено!

  • June 12, 2016

Според проектот кој е веќе во процес на реализација, до 2030 година Кина ќе гради 30 нуклеарни електрани по должината на “патот на свилата”, иницијатива која почнува да станува светски тренд во изнаоѓање на нови капацитети за еколошко производство на енергија

beijing_yintai_centre_7_0

Македонија ќе биде една од земјите во кои Кина ќе истражува какви се можностите за изградба на нуклеарна централа, што е дел од проектот “Еден појас, еден пат” кој најнаселената земја во светот планира да го реализира до 2030 година. Оваа можност ја најави амбасадорката Хуо Јуџен, која е специјален претставник на Секретаријатот на НР Кина за соработка со земјите од Централна и Источна Европа.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]-Кога говориме за соработка во делот на нуклеарна технологија, Кина во моментов ги истражува можностите да ги надгради постоечките капацитети, но и да изгради комплетно нови објекти од ваков тип заедно со нејзините европски партнери. Конкретно, таков проект се реализира во Полска и во Чешката република, а што се однесува до Македонија стоиме отворени за контакт од вашите власти по ова прашање. Досега, кога сме граделе вакви капацитети, тоа сме го изведувале со компании од Канада, а сведоци се објектите ширум нашата земја кои произведуваат енергија која не ја загадува средината. НР Кина има три главни компании кои се занимаваат со овој бизнис. Нивната технологија е крајно сигурна во изградбата на инсталациите и тие имаат големо искуство во работењето, истакна амбасадорката Јуџен на средбата со новинарите од 16 држави од Централна и Источна Европа, која ја организираше Секретаријатот за соработка меѓу Кина и ЦИЕ.[/kopa_block_quote]

Според проектот кој е веќе во процес на реализација, до 2030 година Кина ќе гради 30 нуклеарни електрани по должината на “патот на свилата#, иницијатива која почнува да станува светски тренд во изнаоѓање на нови капацитети за еколошко производство на енергија.

Енергетичарите и проектантите оценуваат дека нуклеарната енергија е побезбедна од другите енергетски извори. Тие потенцираат дека по енергијата што се добива од обновливи извори, нуклеарната е еколошки најчиста – не доведува до загадување, не испушта отровни честички во воздухот, не прави смог и не доведува до глобално затоплување, додека нафтата, јагленот и гасот ги произведуваат таквите појави и во текот на производството и во текот на транспортирањето.

Специјалната претставничка за соработка меѓу Кина и земјите на Централна и Источна Европа, Хуо Јуџен смета дека има голем интерес за реализација на платформата за соработка наречена “16 плус 1″ која е иницирана на првиот економски и трговски форум на Кина и земјите од Централна и Источна Европа во јуни 2011 година во Будимпешта, а инаугурирана е следната година во Варшава. Платформата, во текот на последниве четири години стана силен двигател за приближување Кина со Европската Унија и се очекува во следните пет години таа соработка да се подигне на највисоко ниво.

Всушност, кинеските компании се заинтересирани за инвестирање во Македонија како и во земјите на Централна и Источна Европа на сите полиња. Тие се запознати со македонските одлични услови за бизнис во многу сектори.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]- Ќе ја искористиме секоја можност за соработка со земјите од Централна и Источна Европа во текот на имплементацијата на петогодишниот план за економски и општествен развој на јужнокинеската провинција Гуандонг која последниве три децении остварува извонреден економски и социјален развој, а во 2015 година достигна БДП од 1,2 трилиони долари, истакна генералниот директор на Комитетот за развој и реформи на Гуандонг, Ју Јунџоу кој исто така имаше средба со новинарите од 16 држави од ЦИЕ која ја организираше Секретаријатот за соработка.[/kopa_block_quote]

Генералниот директор истакна дека Гуангдонг е отворена дестинација за странски вложувања и соработка, но, како што истакна, и нивниот интерес за инвестирање во светот е голем.

Претставувајќи го петогодишниот план за развој на Гуандонг, Јунџоу напомена дека провинцијата која брои 108 милиони жители е на врвот на економскиот развој во Кина и во моментов претставува најразвиена кинеска провинција, прва која се отвори кон светот.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]-Основа на петгодишниот план е целосно искоренување на сиромаштијата како и подигање на квалитетот на производите што ги произведуваат нашите копмании. Освен тоа, наша цел ќе биде одржување на економскиот раст и зголемување на бруто домашниот производ за 7 отсто така што според нашите проекции до 2020 година тој треба да достигне до 100.000 јуани по глава на жител, истакна Јунжоу.[/kopa_block_quote]

Тој информираше дека во оваа јужнокинеска провинција, на работ на сиромаштијата живеат 1,7 жители, па затоа основната цел на петгодишниот план се однесува на намалување на сиромаштијата.

Меѓу приоритетите на петгодишниот план, првиот човек на Комитетот за развој и реформи на Гуандонг ги издвои и плановите за инвестирање во иновации – во роботика, информатичката технологија, аеронаутиката…

Дека кинеските инвеститори имаат интерес за вложувања во Македонија, потврдија и од Македонската амбасада во Пекинг, но не сакаа да посочат кои компании се најсериозни во намерата да влезат на македонскиот пазар и од кои сектори се тие.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2”]- Станува збор за сериозни инвеститори кои го следат импулсот на македонската економија. Но, поради моменталните политички збиднувања, но и поради специфичноста на кинеските инвеститори, односно кинеската законска регулатива која во вакви случаи е строга и долготрајна, не би можеле ништо конкретно да издвоиме, одговорија кратко од Македонската амбасада.[/kopa_block_quote]

Во текот на посетата на Кина, новинарите од 16 држави меѓу кои и претставник на Вечер имаа можност да посетат повеќе градови во три провинции, како и голем број успешни компании и мануфактури кои би можеле да остварат економска соработка со евроските земји, односно со Македонија.

Претходно «
Следно »