Кина ќe ги нaдминe САД и ќe cтaнe нajгoлeмaтa eкoнoмиja нa cвeтoт вo 2028 гoдинa

Поврзано

Џо Бајден дoзвoли yпoтpeбa на тkивo од aбopтиpaни бeбињa да се користи за мeдицинckи иcтpaжyвaњa

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја укина забраната за употреба на фетално ткиво во научни и медицински цели,...

Светот пред вojна: Уaпceни „Амepиканци“ од руското ФCБ за обид за aтeнтaт на Лyкашeнко и opганизиpaње вoeн удap

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапси две лица кои планирале да извршат воен удар во Белорусија на 9...

(Фото+Видео) Инцидeнт на погpeбот на принц Филип, гoлa жена пред замокот Виндзор

Шоканет инцидент на погребот на принцот Филип, гола жена викала и трчала меѓу луѓето присутни на погребот. Непознатата жена веднаш...
- Advertisement -

Кина има добри шанси да ја удвои големината на својата економија до 2035 година и попат да ги надмине САД како најголема светска економија, рече економистот на Банката на Америка (BofA), Хелен Кјао.

Додека Кина сака да стане напредна земја, кинескиот претседател Си Џинпинг неодамна изјави дека е можно двојно да се зголеми бруто домашниот производ и приходот по глава на жител до 2035 година.

Двојно зголемување на кинескиот БДП бара просечна годишна стапка на раст од 4,7 проценти во следните 15 години – нешто што според некои набудувачи е тешко да се постигне.

Хелен Кјао, раководител за азиска економија во BofA Global Research, рече дека некои реформски мерки ќе и помогнат на Кина да го постигне тоа.

„Сметаме дека Кина може да го реализира тоа“, рече таа за Си-Ен-Би-Си во петокот.

Покрај двојно зголемување на БДП, азискиот економски гигант би ги надминал САД како најголема светска економија во 2027 или 2028 година, предвидува Кјао.

Кина беше една од ретките економии на глобално ниво што растеше во 2020 година и покрај предизвиците на пандемијата на коронавирус.

Официјалните податоци покажуваат дека кинеската економија минатата година пораснала за 2,3 проценти, а Меѓународниот монетарен фонд за Кина годинава прогнозира раст од 8,1 процент.

Во меѓувреме, економијата на САД се намали за 3,5 проценти во 2020 година, според најновите проценки на владата.

ММФ соопшти дека економијата на САД годинава може да порасне 5,1 процент.

Latest News

Народот yдpи по Стојчевска: Ти пишува „седи дома“ на фејсбук, ама изгледа тоа не важи за тебе

Социјалните мрежи попладнево буквално вријат по скандалот кој го предизвика пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ која позитивна на...

More Articles Like This