September 27, 2021, 11:35 am

Кинезите бараат C3О да испита дали кopoнавирусот настанал во Америка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од 15 милиони корисници во Кина потпишаа онлајн петиција за истрага на лабораторијата „Форт Детрик“ во Соединетите Американски Држави како можен извор на коронавирус.

Петицијата е иницирана од кинескиот „Глобал тајмс“, а од Светската здравствена организација (СЗО) се бара да го испита овој случај.

Во петицијата се додава дека е оправдано силното барање на меѓународната заедница да ја испита лабораторијата „позната како најтемниот експериментален центар на американската влада“.

СЗО треба да го почитува јавното мислење и темелно да го испита „Форт Детрик“ и повеќе од 200 американски прекуокеански биолошки лаборатории, се наведува во коментарот.

Своите сомнежи Кинезите ги поткрепуваат со информациите дека во август 2019 година, во Мериленд се појавиле случаи на белодробни заболувања, кои тогаш биле поврзани со употребата на електронски цигари. После тоа, Медицинскиот институт за инфективни болести на американската армија во „Форт Детрик“ бил ненадејно затворен, а властите одбиле да бидат објавени повеќе информации, наведувајќи ја „националната безбедност“ како причина.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

Турција гo вклyчи цpвeниoт aлapм: Издaдeнo пpeдyпpeдyвaњe зa цyнaми пo cилнитe зeмjoтpecи штo гo зaфaтиja Kpит

Турција издаде предупредување за цунами по силниот земјотрес што денеска го погоди грчкиот остров Крит, јавуваат турските медиуми. Властите во...

More Articles Like This