May 14, 2021, 2:47 am

Кипарските власти oбвинyваат: Турција создава нова мигрантска рута и ги насочува мигрантите кон Кипар

Поврзано

- Advertisement -

Кипар денеска ја обвини Турција за создавање нова мигрантска рута, што доведе до тоа таа островска држава да биде непропорционално оптоварена и да има најголем процент мигранти во Европската унија во однос на населението.

Република Кипар, членка на ЕУ од 2004 година, во последните месеци бележи зголемување на бројот на баратели на азил.
Многу мигранти доаѓаат преку тампон-зоната што ја надгледуваат мировниците на ООН, на островот поделен помеѓу Република Кипар на југ и Турската Република Северен Кипар (признаена само од Анкара).

Кипарските власти изјавија дека во последните четири години тие имаат најголем процент на баратели на азил во однос на бројот на жители во ЕУ, односно четири проценти, додека просекот во остатокот на ЕУ е околу еден процент.

„Огромното мнозинство на мигрантски текови доаѓаат од Турција, која не ги спроведува сите договори за миграција кон Кипар“, наведуваат кипарските министерства за надворешни и внатрешни работи во заедничката изјава.

„Всушност, позицијата на Турција доведе до создавање, а не спречување, на нова рута за мигранти на истокот на Средоземното Море, што диспропорционално го оптоварува Кипар и врши огромен притисок врз неговиот национален систем за азил“, се вели во соопштението.

Кипарската влада побара ова да биде една од главните теми на видео-конференциската средба на министрите за надворешни работи и внатрешни работи на ЕУ, на 15 март, како и при идните разговори за Турција.

Никозија ќе го покрене прашањето во Брисел за обемот на мигрантската криза со која се соочува Кипар со цел да ја обезбеди потребната помош за нејзино ефикасно надминување.

Latest News

Власта во паника: СДСМ барале гасење на сигналот за интервјуто на Николоски

На половина од програмата која во дадениот момент имаше огромна гледаност и на социјалните мрежи одеднаш се „замрзна“. Вечерва емисијата...

More Articles Like This