КИРАЦОВСКИ СИ ЈА ВРАБОТИЛ СВОЈАТА СЕСТРА: Добро работно место и нето плата од 36.000 денари

  • November 15, 2018

Александар Кирацовски пред неколку дена си ја вработил својата сестра Мирјана Јосифовска (моминско Кирацовска) во Централен регистар во Битола.
Ова за порталот Магазин мк. го изјави граѓанин на Битола, активист на владеачката партија, којшто сакаше да остане анонимен. Истиот извор додава дека станува збор за добро работно место, со високо образование, каде сестрата на Кирацовски ќе зема нето плата од 36.000 денари. Инаку сестрата на Кирацовски е постара од него три години, живее во Битола, сопруга и мајка на две деца.

Воедно, како генерален секретар на СДСМ, Кирацовски важи за главен кадровик во партијата, а низ градот и по социјалните мрежи не е никаква новост кога ќе се чуе дека за некој да се вработи во РЕК Битола, или на Царина, или во ЈП Стрежево или во општина Битола, мора прво да го има на списокот на Кирацовски.

На оваа тема се огласија многу поддржувачи на владеачката партија, а една од најгласните е Мери Николова, активист на СДСМ и учесник во Шарената револуција, која го обвини Кирацовски дека си ја вработил неговата љубовница во државниот Катастар, пишува Магазин.мк.

Во случајот со вработувањето на сестрата на Кирацовски во Централниот регистар во Битола, легитимно се поставува прашањето дали станува збор за класичен непотизам и злоупотреба на партискиот статус на нејзиниот брат?

Пред само една недела јавноста дозна и за вработувањето на мајката на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, исто така во Централниот регистар во Струмица.

Костадинов, откако беше прозван од јавноста, се правдаше дека неговата мајка Фанија Костадинова се вработила затоа што била професионалец.

Дали и во случајот со сестрата на Кирацовски станува збор за вработување на професионалец, или за непотизам, или за партизација на администрацијата, останува на јавноста да и одговори генералниот секретар на СДСМ?

Уште подобро ќе биде доколку и министерот Дамјан Манчевски се произнесе дали ваквите вработувања на роднините на функционери од СДСМ е дел од стратегијата за професионализација на јавната администрација.

Претходно «
Следно »