January 22, 2021, 4:46 pm

Киpaцовски пишmaн аџиja: Да знaeвмe дeкa Бугapија може да стави вeтo, нemaше да го paтификуваме Договopoт вo Coбpaние

Поврзано

Историските комисии потпишаа еден од спорните записници

На денешната средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓуМакедонија и Бугарија, на која се...

Taжна вecт: Актерот Љупчо Тодоровски-Упа пoчинa oд Koвид-19

Актерот Љупчо Тодоровски-Упа почина денеска поради компликации од коронавирусот, на 65 години. Дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности...

Гpyби: Д У И не се мешаше во „Moнcтpyм“, само побаравме повторување на пocтапката

Првиот вицепремиер и министер за политички системи, Артан Груби од ДУИ, не сака да го коментира судскиот процес „Монструм“,...
- Advertisement -

Поранешниот пратеник и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, објави дека своевремено мнозинството во Собранието немало да го ратификува Договорот за добрососедство со Бугарија доколку имало изрична можност да се стави вето на патот на Македонија кон интегрирањето во Европската Унија.

„Како пратеник кој со гордост го гласаше договорот за пријателство и добрососедство со Р. Бугарија во 2017 год. никаде во истиот не сретнав условеност помеѓу работата на експертската комисија за историски и образовни прашања со евентуална можност за политичка одлука за Вето врз нашите евроинтеграции од страна на Бугарија.

Доколку тоа и малку провејуваше во договорот, сигурен сум дека нашиот парламент немаше да го ратификува. Напротив истиот се карактеризира со заедништво во ставовите, заемна поддршка кон најважните прашања, вклучително и нашата ЕУ интеграција, како и разбирање кон внатрешно политичките и општествени состојби во двете земји.

Најконкретниот автентичен приказ од договорот кој се осврнува на она што денес индиректно претставува проблем гласи – „Двете договорни страни ќе формираат Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани.“

Кирацовски смета дека во моментов не требва да се распламтува говор на омраза и решенијата во иднина да се бараат со ладни глави, затоа што одлуките на комисијата се темелат на паритетна основа. Тој баланс, вели Кирацовски, се нарушува во истиот момент кога претставници на еден паритет посегнуваат по ексклузивната сила на вето.

Кирацовски бара „Ревносното продолжување на пријателските тонови и одржување на нашето добрососедство со Р. Бугарија и нејзините граѓани (кои го вршат главниот притисок врз политичарите), уверувајќи ги во нашата насушна потреба од евроинтеграциите кои за нас значат конечно подобрување на животот на граѓаните во нашата Македонија по сите основи;
Кога некој (неоправдано) физички ќе нападне некого, тој како причина за тоа, често пати, ја наведува пцовката од повредениот која доаѓа како последица од истиот напад кој се случил пред пцовката. Aпсурдно, но функционира.

Затоа е важно, како граѓани и држава, да не дозволиме нашиот револт кој го чувствуваме од нанесената неправда (бугарското Вето врз нашиот почеток на преговорите со ЕУ), да се преточи во едно од главните оправдувања на бугарската дипломатија за нивните идни опструкции со коишто мнозинството бугарски граѓани сигурно не се согласуваат.“, како и „Убедување дека претходно наведеното и не мора да е условено од различните гледишта на претставниците во заедничката експертска комисија, а ниту пак од различните согледување на политичарите од двете земји.

Или народски кажано – Па и не мора баш сега кога едвај стигнавме до портите на ЕУ да имаме исти гледишта кон одредени историски настани, а токму тоа да е проблем за нашата иднина.

Комисијата не мора да се договори веднаш за сите прашања, кои не се решени со децении.

Нели, пријателство е и ако се согласеме дека не мора за се’ да се согласеме!

Можеме да дебатираме и во иднина, кога страстите ќе стивнат, а и ние ќе бидеме земја членка на ЕУ која никогаш не би ја искористила силата на Вето за прашања од ваков тип.

Впрочем, општо е прифатено дека ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик, негуваат македонска култура и имаат чувство на самоопределување посилно од самите себе!“, тврди поранешниот функционер на СДСМ.

Latest News

Историските комисии потпишаа еден од спорните записници

На денешната средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓуМакедонија и Бугарија, на која се...

More Articles Like This