КЛАТИ ВРАТА ЗЕМАЈ ИЛЈАДНИЦИ ЕВРА: М-НАВ „лета“ по свои правила земаат илјадници евра, а не одат на работа

  • March 31, 2019

Вработени во М-НАВ земаат плата, а не доаѓаат редовно на работа, велат извори од државното АД кое дава услуги во воздухопловна навигација. Појавата не е нова, а во Компанијата се говори дека има различни забошотувачи, па дури и такви кои во М-НАВ се појавуваат само за да земат боледување, пренесува Независен весник.

„Независен весник“ побара официјално појаснување за наводите кои до нас стигнаа од неколку страни. И по неколку дена, не добивме официјален одговор од М-НАВ. Портпаролката не се јавуваше ниту на мобилен, но само кога ја баравме од бројот од кој во повеќе наврати сме ја барале претходно. Кога ја побаравме од, за неа непознат број, се јави и, објаснувајќи дека е на боледување, рече дека ќе ни одговори. Следниот ден ни прати СМС-порака дека информациите на доставените прашања се шпекулации. Ниту директорот Николче Тасески, кому и во вибер-порака му ги доставивме прашањата, не одговори ништо.

Во М-НАВ, државна компанија која исплатува плати што се далеку над македонскиот просек, се вработени и лица познати на јавноста од други сфери, најчесто политички. Токму тие, велат нашите извори, најчесто си дозволуваат да отсуствуваат од работа.

„Има читач на картички со кои секој вработен треба да се регистрира кога влегува и излегува од работа. Но има вработени кои или на други им ги даваат картичките да ги провлекуваат место нив или, кога ќе заврши месецот, тој што им е надреден раководител, ги внесува неговите работни часови рачно во софтверот за евиденција и фабрикува дека бил на работа“, ни објаснува искусен работник од М-НАВ.

Претходно «
Следно »