КЛИНИКА ВО ЗЛОКУЌАНИ: Заев се премислува за локацијата на Клиничкиот центар

  • March 7, 2018

Асоцијацијата на архитекти на РМ, пред премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче ја презентирале локацијата за новиот Клинички центар. Тие му укажале на премиерот и на министерот дека Универзитетскиот клинички центар треба да се гради на локација во близина на Злокуќани за која веќе постои урбанистички план уште од 2001 година и им го презентирале проектот.

По средбата со архитектите на својот Фејсбук профил, премиерот Заев напиша:

– Им благодарам на Асоцијацијата на архитекти за поддршката во дефинирањето на локацијата на новиот Клинички центар. Очекувам со министерот за здравство Венко Филипче и со Владата на РМ брзо да донесеме одлука.

Инаку, за дислокацијата на Клиничкиот центар во 2010 е направена физибилити студија од Француска консултантска куќа со поддршка од Европската инвестициона банка, како и искуствата од Папскиот универзитетски клинички центар во Рим – „Policlinico Agostino Gemalli“.

Новиот Универзитетски клинички центар, кој како што образложија во јавноста пред еден месец од ААМ, треба да се гради на локација на север од Злокуќани и на југ од железничката пруга Скопје-Кичево.

Претходно «
Следно »